Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали цените на тестовите за детекција на присуство на корона вирусот (PCR тест) и за одредување на имунитет од Ковид-19 (IGG Spike тест).

Како стивнува пандемијата, така се отвораат можностите за повеќе патувања, но поради меѓународните препораки и ширењето на нови соеви, сите држави воведуваа посебни мерки за заштита од Ковид-19.

Во повеќето земји од Европската Унија задолжително е да се прикаже негативен ПЦР тест при влезот, а тестот е неопходен и за поголем дел од земјите во кои Македонците патуваат најчесто.

„Аџибадем Систина“ им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба во овој период од тестирање, па новата цена на ПЦР тестот изнесува 2.100 денари. Достапен е и фамилијарен пакет за тестирање над три члена од семејството по цена од 2.000 денари по лице и пакет групно тестирање за над десет членови од семејство или за компании во кој еден тест чини 1.900 денари. Резултатите се издаваат истиот ден, а тестирањата се без закажување.

Во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“ IGG Spike неутрализирачкиот тест зa одредување на имунитет oд Ковид-19 се нуди по промотивна цена од 500 денари по лице.

Станува збор за тест со најголема сензитивност и специфичност за квантитативно одредување на имуниот одговор кај вакцинирани пациенти и пациенти кои прележале Ковид-19, односно за одредување нa неутрализирачки IgG антителa (S1 и S2 суб-единица на S“spike”) протеинот на SARS-CoV-2.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот и е единствената во која се изведуваат сите видови тестирања за Ковид-19.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот PCR-тест по цена од 9.000 денари.

Резултатите се добиваат за 2 часа.