logo
logo
logo

АД ЕСМ: Греење ќе има, гас и топлинска енергија се навремено набавени за цел декември

Vecer | 30.11.2022

АД ЕСМ: Греење ќе има, гас и топлинска енергија се навремено набавени за цел декември

Испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период. За месец декември е обезбеден природен гас од Макпетрол пром – гас и топлинска енергија од ТЕ-ТО, информира АД ЕСМ.
-АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови. Ги демантираме написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми околу испораката на греење за Скопје во следниот период, соопшти АД ЕСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk