logo
logo
logo

Се заоструваат критериумите и контролите на концесиите

Vecer | 09.10.2025

Се заоструваат критериумите и контролите на концесиите

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска.

На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени.

Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори – потенцира Божиновска и најави многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Во Државниот инспекторат за енергетика и рударство моментно работат околу 14 инспектори, но недостигаат минимум уште толку.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk