logo
logo
logo

3.000.000 квадрати ВИШОК ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО БЕЛГРАД

Vecer | 13.08.2022

3.000.000 квадрати ВИШОК ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО БЕЛГРАД

Скапата кирија, онлајн продажбата, отворањето на трговски центри се главните причини за речиси секојдневното затворање на продавниците низ централните градски улици во Белград.

Станува збор за деловен простор во сопственост на физички лица, а малите бизнисмени најчесто ставаат катанец на продавниците за чевли и облека. Познавачите на деловните можности сметаат дека овој тренд ќе продолжи и во наредниот период.

Според Марко Јевтиќ, од агенцијата за недвижности Јевтиќ, сè поголем број производители се префрлаат на онлајн продажба, што принудило многу приватни сопственици да ги затворат своите продавници.

Деловните трошоци се помали, а заработката, се испостави, е поголема од очекуваната. Исто така, има и изгор цени за изнајмување на простории. Ова особено важи за центарот на градот, вклучувајќи го и булеварот Крал Александар до Вуков споменик.

- Цената на локалот ја диктираат сопствениците, кои не сакаат да ја намалат киријата, дури и по цена просторот да биде празен. Иако годишно губат и до 20.000 евра кирија, велат дека тоа е неважно, бидејќи не живеат од тоа - вели Јевтиќ.

- Трговските центри, кои ги имаат сите продавници на едно место и паркинзи, привлекуваат муштерии, бидејќи е многу важно да се остави автомобилот за потрошувачите. Извесно е дека доколку нема драстични промени, во центарот на градот ќе останат само локали кои се неопходни за опслужување на туристите.

Проценките на Градежната комора на Србија се дека во главниот град има три милиони квадратни вишок деловен простор.

Просечната старост на зградите е помеѓу 40 и 50 години. Станува збор за простории кои често бараат реновирање, монтажни промени, внатрешни и надворешни промени.

Експертите посочуваат дека проблематичното просторно планирање кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век донесе стотина илјади метри квадратни деловен простор, што денес, како што стојат работите, е промашена инвестиција.

Типичен пример е првиот трговски центар во главниот град - Чумиќево сокаче. Порано сите купуваа патики во Чумиќ, а денес повеќето продавници се празни.

- Покрај падот на куповната моќ на граѓаните, кој започна со пандемијата, а продолжи и сега со инфлацијата, на сопствениците на просториите им е се потешко да се справат со огромните давачки - вели Драгољуб Рајиќ, извршен директор на Мрежа за поддршка на бизнисот.

- Надоместоците што ѝ се исплатени на државата, по вработен, за минимална плата во 2012 година беа 11.800 динари, додека сега се 28.000 динари. Приходите, во истиот период, не се зголемени. Се повеќе и повеќе дучани ќе се затвораат. Компаниите кои имаат повеќе од една продавница ќе чуваат само една на место со голем промет.

Фото: архива

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk