logo
logo
logo

„Македонското најдобро“ е патриотска кампања

Vecer | 10.09.2025

„Македонското најдобро“ е патриотска кампања

„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, ова го изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање.

Македонска кампања, на македонските граѓани, сите треба да купуваме македонски производи затоа што тоа навистина е најдобро. Тое е суштината на таа кампања. Да го поттикнеме макеоднското производство, преработувачката индустрија и јас сум многу среќен што главен дивгател на растот на  индустриското производство, а понатаму и на домашното производство е токму растот на преработувачката индустрија, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сакаат на македонските граѓани сакаат да им кажат и докажат дека македонското е најдобро.

Сите мора да се ориентираме кон македонското, сите да се посветиме на македонските езера, планини, села, вино, сирење, кашкава, месо, дека тие се преубави, рече Мицкоски.

Ајде да се обидеме сите да го правиме тоа, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk