logo
logo
logo

Руската нафта поради комбинација на санкции и топла зима тешко ги наоѓа потребните клиенти

2 милиони барели ДИЗЕЛ БЕСЦЕЛНО СЕ ВОЗАТ НИЗ ОКЕАНИТЕ

Vecer | 04.03.2023

2 милиони барели ДИЗЕЛ БЕСЦЕЛНО СЕ ВОЗАТ НИЗ ОКЕАНИТЕ

Речиси 2 милиони барели руски дизел се ставени во „пловечки складишта“ поради недостиг на купувачи, покажуваат податоците на Кплер, организација специјализирана за анализа на енергетскиот пазар, а информацијата ја пренесува Блумберг. Со други зборови - голема количина руски дизел, треба да се забележи дека е 1,9 милиони барели - моментално се наоѓа во океаните, во танкери.

Тоа е најголемиот волумен на море од октомври 2020 година, кога глобалните енергетски пазари беа погодени од пандемијата COVID-19, што предизвика остар пад на побарувачката.

-Рекорден број руски товари со дизел пловеа минатата недела без дестинација, објави Блумберг.

Зголемените залихи на непродаден дизел доаѓа во време на невообичаено топла зима која ја намали потрошувачката на гориво за греење.

Во меѓувреме, Европската унија воведе дополнителни санкции кон Русија на почетокот на февруари, забранувајќи ги рафинираните нафтени производи и наметнувајќи ги ценовните плафони заедно со земјите од Г-7.

Пред да стапат на сила санкциите, Европа увезуваше значителни количини гориво како подготовка за зимата. Но, со потопла сезона од вообичаеното, побарувачката за дизел е намалена и Европа сега всушност има најголема понуда во последните години.

Русија исто така има проблем да најде купувачи за својата сурова нафта. Интересно е да се забележи дека многу руска нафта во моментов плови кон Западна Африка, но тоа е регион кој произведува сурова нафта и веројатно има мала корист од руските залихи.

Во петокот, танкерот по име Тезеус пристигна во Гана и содржеше околу 600.000 барели руска сурова нафта, наведува Блумберг.

Самата Гана е извозник на сурова нафта и се наоѓа веднаш до Нигерија и Ангола, двете најголеми земји производители на нафта во овој дел на Африка.

Извори: intellinews.com | markets.businessinsider.com

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk