T1 Phone 8002, познат и како „Трамповиот телефон“, сè уште не е на пазарот, иако требаше да се појави уште во август.
Телефонот беше најавен во јуни, заедно со пакетот Trump Mobile за 47 долари месечно.
Потоа, во соопштението за медиумите беше објавено лансирањето во август, додека на официјалната веб-страница беше напишано дека излегувањето ќе биде во септември.
Подоцна, неименуван портпарол изјави за USA Today дека излегувањето е одложено за октомври.
Сега, кон крајот на октомври, Trump Mobile целосно молчи - компанијата не објави ништо на социјалните медиуми од 28 август, кратко откако објави (а потоа избриша) лошо изменета слика од телефонот Samsung Galaxy S25 Ultra, најавен како T1.

На страницата за продажба сега пишува само дека телефонот ќе пристигне „подоцна оваа година“, промена направена околу времето кога компанијата престана да тврди дека T1 ќе се произведува во Америка.
Тоа значи дека Trump Mobile сè уште има два месеци да го издаде и тврди дека сè уште е „на време“.
„Трамп Мобајл“ не одговори на барањата на новинарите за ажурирање за датумот на објавување - ниту минатиот месец, ниту сега. Се повеќе се шпекулира дека „Т1 Телефон 8002“ можеби е производ кој веројатно никогаш нема да биде објавен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата