logo
logo
logo

ДОГОВОР НА ВЕКОТ Кинезите и Саудијците градат огромна нафтена компанија

Vecer | 27.03.2023

ДОГОВОР НА ВЕКОТ Кинезите и Саудијците градат огромна нафтена компанија

Нафтениот гигант Сауди Арамко потпишал договор со своите кинески партнери за проект за рафинерија и петрохемиски комплекс во североисточна Кина вреден 12,2 милијарди долари, кој треба да започне со работа во 2026 година.

Проектот во градот Панџин во провинцијата Лиаонинг ќе биде втора голема инвестиција за рафинирање и петрохемија на Арамко во Кина, а договорот бил потпишан откако најголемиот светски извозник на нафта објави рекорден профит во 2022 година од 161 милијарда долари.

Заедничкото вложување Huajin Aramco Petrochemical Company (HAPCO) ќе изгради рафинериски комплекс за обработка на 300.000 барели дневно, кој годишно ќе произведува 1,65 милиони тони етилен и два милиони тони параксилен, објави саудиската компанија.

Проектот се очекува да чини 83,7 милијарди јуани (12,2 милијарди долари), се вели во соопштението на партнерската група Panyin Xicheng Industrial објавено на WeChat во неделата.

Нешто повеќе од половина од акциите во новиот комплекс ќе имаат кинескиот производител на воена опрема NORINKO Group, Aramco 30 проценти и Panjin Xincheng 19 проценти.

Изградбата на комплексот ќе започне во вториот квартал откако ќе се обезбедат потребните административни одобренија за проектот, соопшти Арамко.

Се очекува фабриката да биде целосно оперативна до 2026 година.

Арамко ќе испорачува до 210.000 барели сурова нафта дневно до комплексот.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk