logo
logo
logo

Треба ли БАКШИШОТ ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН?

Vecer | 07.02.2023

Треба ли БАКШИШОТ ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН?

Во некои земји, како што се САД, бакшишот е вообичаена практика, всушност, на вашата сметка ве чекаат додатни 15-20%, а секој бакшиш помал од тој процент - се смета за „лош“ .

Така е и во многу европски земји, додека во Македонија бакшишот се уште е произволен. Не само во контекст на сумата, туку не се подразбира дека треба да давате бакшиш.

Како прашање на личен избор, луѓето обично оставаат бакшиш после ручек/вечера, и колку е поголема сметката, толку е поголем бакшишот.

Во меѓувреме, цените дивеат насекаде низ светот, а во Македонија за само една година угостителските услуги се поголеми за 14,8%, според Државниот завод за статистика.

Ова може да значи дека граѓаните плаќаат поскапо од тоа што се навикнати па може и ќе остават помал бакшиш или нема да остават воопшто.

Во меѓувреме често во јавноста се наметнува темата дали треба и кај нас да биде бакшишот задолжителен на сметка за најмалку 10% од истата.

Потсетуваме дека оданочувањето на бакшишот неодамна беше воведено во Хрватска. Имено, бакшишот во моментов не е ниту признат како поим во хрватското законодавство и кога се собира по електронски пат се третира исто како основен приход.

Хрватската стопанска комора подготвува законски предлог за воведување бакшиш во системот на фискализација на угостителите и расправа за датумот на стапување во сила.

Со воведувањето на бакшишот во даночниот систем, бакшишот станува неоданочен дел до одреден износ на годишно ниво. Сите добивки од бакшиш над договорениот праг за ослободување од данок ќе се оданочуваат како друг приход, со цел да се избегне ризикот од злоупотреба на ослободените приходи, пишува Индекс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk