logo
logo
logo

Малите пропаѓаат, а ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ЛАНИ ЗАРАБОТИЛЕ 570 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 12.08.2022

Малите пропаѓаат, а ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ЛАНИ ЗАРАБОТИЛЕ 570 МИЛИОНИ ЕВРА

Минатата година македонскиот бруто домашен производ забележа раст од 4 проценти откако претходната 2020 година имаше намалување за 4,5 проценти. Најголемите компании, кои се и двигатели на растот на бруто домашниот производ, очекувано во 2021 година покажаа подобри податоци како за приходите, така и за добивките.

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк и Таргет груп го објавува серијалот за 100-те најголеми компании во државата. На увид на јавноста ќе бидат претставени најмоќните компании во државата од кои зависи економијата. Предмет на рангирањето на 100 НАЈГОЛЕМИ се компаниите – трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост .

Најголем дел од компаниите кои биле во ТОП 100 најголеми компании во 2020 година влегле во ТОП 100 најголеми во 2020 година, сепак има промени на ова водечко „бизнис друштво“.

100-ТЕ НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ДОНЕЛЕ ПРИХОД ОД 10,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Податоците покажуват дека 100-те најголеми компании по приход, минатата година оствариле вкупен приход од 10,3 милијарди евра. Во 2020 година пак, истите овие компании имале вкупен приход бил 8,16 милијарди евра, што значи дека минатата година имале подобар резултат за 2,14 милијарди евра, или раст за околу 25%.

Инфлацијата во 2021 година се уште не беше во размери каква што е сега, така што овие компании имаат и голем реален раст на приходите, не само во номинална вредност. Имено, инфлацијата во 2021 година беше 3,2% во однос на 2020 година, денес инфлацијата е над 15%.

Од податоците може да се види дека на самиот врв, во првите 10 компании по направен приход се компаниите што се во бизнисот со горива и струја, како и компании од технолошко-индустриските развојни зони.

Овие 100 најприходни компании лани оствариле добивка од 570,6 милиони евра, а во 2020 година имале вкупна добивка од 412 милиони евра. Податоците покажуваат дека 5 од компаниите, иако се во друштвото на најголеми по приходи, прават и сериозни загуби. За една веќе пишувавме.

Имено, ЕВН хоум иако лани направила приход од 335,7 милиони евра, годината ја завршила со црвено салдо од 703.000 евра, но сепак тоа е многу помалку од загубата во 2020 година – од речиси 12 милиони евра. Вкупните загуби што ги направиле петте компании се 20 милиони евра, а во 2020 година од сегашната листа на 100 најприходни фирми имало дури 12 кои биле во загуба, а вкупниот износ на загубата бил 58,5 милиони евра.

Минатата година донела и нови вработувања во најголмите компании. Така нивнио вкупен број од 50.338 вработени во 2020 година се зголемил на 52.134 вработени.

Групни податоци за 100-те најголеми компании по приход:

НАЈГОЛЕМИТЕ 100 РАБОТОДАВАЧИ ВРАБОТУВААТ 78.329 РАБОТНИЦИ

Најголемите 100 приватни компании имаат 50.000 помалку вработени отколку во јавниот сектор! А треба да плаќаат даноци за издржување на масивната државна, јавна администрација.

Минатата година 100-те најголеми работодавачи вработиле 78.329 работници. Истите тие фирми, во 2020 година имале 76.598 вработени.

И меѓу најголемите работодавачи има компании што работеле со загуба, но добрата вест е што таа вкупна загуба е значително помала во 2021 година во однос на 2020 година. Имено, во 2021 година вкупната загуба им била 28 милиони евра, додека во 2020 година изнесувала 53,8 милиони евра.

Групни податоци за 100-те најголеми работодавачи:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk