logo
logo
logo

Пресудено: Патувањето ДО РАБОТА И НАЗАД СЕ СМЕТА ВО РАБОТНО ВРЕМЕ

Vecer | 18.01.2022

Пресудено: Патувањето ДО РАБОТА И НАЗАД СЕ СМЕТА ВО РАБОТНО ВРЕМЕ

Судот на правдата на Европската унија зазеде став за тоа од кога се смета дека работниците се “на работа“.

Тоа се случаи кога работниците треба да користат службено возило во текот на работниот ден за да патуваат од местото на живеење до клиент одреден од нивниот работодавач или да се вратат во местото на живеење од местото каде што се наоѓа тој клиент и да го напуштат местото од каде се наоѓа еден клиент до локацијата на другиот клиент.

Таквиот исход е во врска со заштита на безбедноста и здравјето на работниците од Директивата 2003/88, која ја вклучува потребата да им се гарантира на работниците сметање на работно време и право на одмор, и дилемата дали патувањето од дома до работното место и назад се смета за извршена работа.

Ваквите патувања работниците започнуваат и завршуваат од нивното место на живеење, со оглед на тоа што оваа околност произлегува од одлуката на нивниот работодавач да ги укине подрачните канцеларии и филијали, а не од одлуката на тие работници.

Со оглед на тоа што работниците ја изгубиле можноста слободно да го одредуваат растојанието што го дели нивното место на живеење од вообичаеното место на почеток и крај на нивниот работен ден, не може да се смета дека тие се согласиле да го изберат својот работодавач за затворање на експозитурата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk