10 совети како да заштедиш пари

Животот често е неправедлив. Си земал плата, поминале само неколку дена, а ти се прашуваш каде отидоа парите наменети за цел месец? Одамна сакаш нешто да си купиш, ама никако да заштедиш? Сигурно секој месец си ветуваш дека следниот пат ќе внимаваш и таква безпарица нема да ти се повтори. 30 дена покасно започуваш да си мислиш дека заштедувањето на пари не е за тебе, дека си навистина неспосонбен за месечни пресметки.

Не очајувај! Тоа што ти недостига e само план и навики. Имаме 10 одлични трикови за скромна секојдневна заштеда. Како што знаеш капка по капка прави вирче. Да, можеби нема да се збогатиш, но ќе станеш поодговорен и да имаш пари за инзворедни случаи.

1. Шишето!

Најновата тенденција која што го обзема цел свет со шишето сеуште не стигнала до тебе? Еве ја целата процедура: Земаш шише, кутија или друг сад и секоја вечер во него ги пушташ монетите кои што ти останеле како кусур од денот. Некои луѓе собираат само 10ки и 50ки. Други за да им е поинтересно собираат и 5 денарки. После извесно време – од неколку месеци до година, се заштедува сума доволна за кратка екскурзија.

2. Домашното си е највкусно!

Наместо да трошиш пари за ручек на работа или за секакви видови на брза храна, готви си дома и носи си јадење од дома. Можеш дури и кафе од дома да си носиш. Купи си термо чаша и приготви си кафе по твој вкус наместо да си купуваш. Ќе видиш дека вреди- особено ако си голем љубител на кафе и пиеш по неколку на ден. Готви си често! Да, знаеме дека наутро немаш време, но вечер можеш да си приготвиш нешто. Приготвеното го ставаш во пластична кутија и после во фридижерот. Наутро само ја земаш пластичната кутија и излегуваш. А најдобро е ако можеш да си наполниш повеќе кутии да си имаш за наредните неколку дена. Не грижи се ништо нема да му стане , запечатено е. Можеш да пресметаш колку можеш да заштедиш со таа навика спрема тоа колку си трошел претходно за еден ден.

3. Парична диета.

Определи си денови во кои што нема да потрошиш ни еден денар! Ти звучи невозможно? Не е, пробај!Предизвикот дали ќе успееш или не ги прави работите полесни. А ,ако го исполниш претходниот трик можеш само да добиеш. Ќе се спасиш од излишни емоционални трошоци.

4. Лов на промоции.

Не, тоа не значи дека треба да тргнеш и да бараш попусти , да купуваш и нешто што не ти е потребно само затоа што ти фатило око. Значи дека треба да си направиш план оние нешта кои што навистина ти се потребни и да си ги купиш кога се на попуст. Земи си лојални карти за попусти од маркетите во кои што најчесто пазаруваш. И не вели си „Што дека ќе заштедam денар или пет?" Па нели треба да го наполниш шишето!

5. Биди трговец.

Општо прифатена логика е, за да земеш нешто треба да му ослободиш место. Направи проверка на покуќнината дома, збогувај се со непотребните работи и пушти ги за продажба на интернет. Може да не се ништо посебно (во зависност од тоа што сакаш да продадеш), но не заслужува сѐ да иде во ѓубре – зашто да не ти послужи во планот за штедење?

6. Биди малку егоистичен.

Ако ги читаш ова со интерес, сигурно страдаш од симптомот – џумбушлија. Честиш, простуваш заеми, не се задлобочуваш во домашната математика и други слични ситуации. Ограничи ја малку добродушноста. Сепак тие пари ги заработуваш со испотено чело (или мозокот, во зависност од професијата). Имаш право да ги користиш прво ти, па после другите. Не, цимерот нема право да пере со прашокот кој ти си го купил и да ја јаде храната без да придонесува. Збориме за системски пропусти се разбира, не за индивидуални случаи. А за тие со семејство – ништо страшно ако децата не ја добијат секоја "уникатна" играчка за која ќе се расплачат. Најмалку ако таа чини половина од месечната заработка.

7. Исклучи го ако не го користиш.

Секој пат кога не ги исклучуваш електроуредите, кога не ги гаснеш светилките и секој пат кога телевизорот ти е вклучен, без да му обрнуваш внимание... гориш пари. Плаќањето на сметки со сигурност ти е еден од најголемите разходи. Иако нема како да се спасиш од нив, можеш да ги намалиш.

8. Пиј вода.

Најважно е што водата најпрво ќе ти го подобри здравјето и ќе ти даде енергија, исто колку и што ќе ти помогне да заштедиш. Докажано е кога човекот не пие доволно вода, огладнува повеќе. Огладнувањето те придвижува кон најблиското место за храна и автоматски го трошиш тоа што требаше да го заштедиш денеска... Така да секогаш имај си шише со вода во рака. Можеш и да си симнеш апликација на телефонот да те потсетува да јадеш и пиеш редевно.

9. Биди вегетаријанец (барем за кратко).

Да продолжиме со здравиот живот. Јади повеќе салати и вегетаријанска храна. Ти текнува зашто? Затоа што тие се поевтини, понекогаш дури и значително поевтини. За други ефекти нема да се убедуваме, но сигурно не е задолжително месо за доручек, ручек и вечера, нели?

10. Намали со алкохолот!

.. и пресели се во манастир :)) Се шегуваме, нормално. Идејата е да ги ограничиш излегувањата надвор. Намали со журки, ако искачаш често. Така, на пример, ќе имаш повеќе пари за патувања. Каде со сигурност има подобри журки. Пробај да се придржиш барем до дел од овие совети и трикови, и резултатите ќе следуваат за брзо. Доброто е што (барем повеќето) нема да ти влијаат толку многу на секојдневието, треба само да си создадеш навика.

Поврзани

Најнови вести

Коментари