logo
logo
logo

10 МИЛИОНИ ЕВРА КАЗНА за „Гугл“ и „Ејпл“ изречена во Италија

Vecer | 28.11.2021

10 МИЛИОНИ ЕВРА КАЗНА за „Гугл“ и „Ејпл“ изречена во Италија

Google и Apple се најдоа во нов проблем пред европските регулатори.

Овој пат, регулаторот за заштита на пазарната конкуренција во Италија изрече казни за компаниите од десет милиони евра, поради агресивни практики поврзани со комерцијална употреба на кориснички податоци.

Италијанскиот регулатор преку соопштение наведува дека споменатите компании не го прецизирале начинот на собирање и користење на податоците на корисниците на нивните услуги. Се тврди дека системот е дизајниран така што, кога корисниците само ја поставуваат својата корисничка сметка на Google, тој наметнува усвојување услови и правила за користење на нивните податоци.

Казната изречена од италијанскиот регулатор е највисока можна за вакви случаи. Компаниите најавија жалба на одлуката, пренесува Ројтерс.

„Обезбедуваме транспарентност што не е достапна во индустријата и можност за контрола за сите корисници, за да можат да изберат какви информации сакаат да споделуваат и како да се користат“, изјавија од Apple.

Од друга страна, „Google “ во соопштението посочи дека следеле правична и транспарентна практика која на корисниците им обезбедува корисни услуги и дека им даваат јасни информации за нивната употреба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk