Лејди Дајана

Лејди Ди. Живот на прицеза, и мистериозен крај на љубовница

Таа е медиумска звезда од историски размери, создавана за да биде тоа, но тоа и да остане по смртта. А принцезата Дајана, или Лејди Ди, умре млада, почитувана како ретко кој член на некое кралско семејство - барем еден век наназад. Почитувана до обожување. До култ. До мит за остварен на сонот на девојка - принцеза на современото време.

Животот го завршила на 36 години, разведена мајка на два сина. Двата принца, Вилијам и Хари. Загина во Париз, на 31 август 1997 година, настан за кој многумина прифатија дека е сообраќајна несреќа. Но, оние кои сметаа поинаку почнаа да добиваат и докази за своите сомнежи.

Како течеа работите пред Дајана да стане принцеза од Велс, сопруга на принцот престолонаследник Чарлс, и жртва на судар кој бил фатален за неа.

Родена е во 1961 година во Норфолк, Англија, како четврто дете а трета ќерка на грофот Спенсер, осми потомок на тоа грофовско семејство. Титулата ја добил по наследен пат во 1975 година. Велат дека имала желба да биде балерина, но поради висината над 175 сантиметри мали и биле шансите да успее во тоа. И, се откажала. Школувањето не и одело лесно, менувала училишта и се барала себе во иднината. Некое време престојувала и во Швајцарија, но никогаш не завршила средно училиште, па се вработила во детска градинка, во Лондон, и таму се запознала со принцот Чарлс. Така пишуваат официјалните биографи.

Неофицијалните биографи, потоа, пишуваат дека принцот Чарлс излегувал со сестрата на Дајана пред да се запознаат, и дека изборот паднал на Дајана затоа што имала соодветно благородничко потекло, и била невина пред стапувањето во брак.

Принцот Чарлс, дванаесет години постар од Дајана Спенсер, ја побарал за жена во јануари 1981 година, на приватна вечера во Бакингамската палата. Според традицијата избраничката требало да побара време за размислување, но Дајана ја прекршила традицијата уште на првиот чекор до принцеза. Веднаш ја прифатила понудата за брак, и изјавила: - Додека го имам Чарлс покрај мене, не можам да згрешам...

Неколку месеци подоцна, на 29 јули 1981 година, Дајана станува принцеза со венчавањето за Чарлс, принцот од Велс. Свеченоста се одржала во катедралата Свети Павле, во Лондон. Венчалниот фустан го дизајнирал Брус Олдфилд, детал кој ќе стане исклучително важен во април 2010 година, кога нејзиниот син Вилијам ќе се жени со Кејт Мидлтон, и заради симбилика и метафора, ќе одберат венчалниот фустан на идната принцеза Кејт да биде порачан од дизајнерот кој работел за Дајана. И на тој начин, принцот Вилијам ќе го покаже својот став кон дворските игри, и односот кон Лејди Ди, спротивен на она што кралскиот двор, седумнаесет години по смртта на Дајана Спенсер, се обидува да го создаде: слика дека Лејди Дајана е заборавена приказна за жена која можеби била омилена во јавноста, но не била достојна за англиска принцеза.

Да се вратиме на приказната. Првата брачна ноќ ја минале во дворецот на лорд Маунбатен, а потоа заминале на крстарење со бродот Британија.

Уште од свадбата, медиумите се фокусирани на Дајана, набргу од нив наречена Лејди Ди, повеќе отколку на било која прицеза во Европа тогаш, или во минатото, па и повеќе отколку на некоја филмска или музичка ѕвезда, по Битлси и Ролингстоунс.

Венчавањето на Чарлс и Дајана го снимале 74 ТВ станици, видено од 750 милиони гледачи, а на венчавањето биле присутни 2.650 гости.

Согласно традиционалните кралски очекувања, Дајана се породила набрзо по венчавањето и родила син, престолонаследник. На 21 јуни 1982 година е роден Вилијам Артур Филип Луис, или принцот Вилијам.

Уште еднаш Дајана ја прекршила традицијата. По нејзино барање таа се породила во болницата Сент Луис, а не во Бакингамската палата како што со векови било традиција на англискиот двор. Три години подоцна, во септември 1985 година, таа го родила и вториот син, Хенри Чарлс Алберт Давид, или принцот Хари.

Во тоа време, кога својот брак го почнуваат принцот Чарлс и Дајана Спенсер, односно Лејди Ди... се случува долга криза на идентитет на кралската институција, а и на кралското семејство кое одамна ги имало загубено привилегиите: има кралица без правна моќ, што е поволно за јавна доминација на британска влада. Во такви односи владата е во центарот на вниманието, а кралскиот двор без влијание е тука за церемонијални прилики.

Но, постојат и времиња на политички кризи, во кои партиите и владината администрација го губат авторитетот пред јавноста. Особено кога се кризите важни за социјалните и национални прашања, кога последиците се еднакви за сите граѓани. Во такви прилики, времиња на партии без авторитет, по традиција - решение за јавната напнатост и дезориентираност била кралицата Елизабета Втора, која се појавувала да понуди решенија, која со својата круна обединувала и ги решавала партиските поделби меѓу народот. Така било со кралевите и владите во Англија уште од 1707, кога е формирана првата влада на лорд Годолфин.

Но, во тие години балансот помеѓу владата во Лондон и Бакингамската палата... вековната соработка на британската влада и кралското семејство била доведена во прашање. Кралицата била сметана за нужно зло, а владата не гледала употребна политичка вредност на кралицата и Дворот.

Така било се до доаѓањето на Маргарет Тачер во премиерската фотеља. Таа имала поинаква перцепција, и поинакви планови. Железната лејди Тачер е авторот на лејди Ди.

Кралица Елизабета, која е дојдена на престолот уште од јуни 1953 година, заради годините немала сила и ентузијазам да се бори за влијание во јавниот и политичкиот живот. Англија влегува во социјална криза, и јавноста очајно бара начин како да се врати сјајот, митот и влијанието на кралскиот двор, пред се заради потреби на традицијата важна за мир меѓу граѓаните, но и за политичкото влијание на кралскиот двор во Европа, како и во земјите кои се уште се наклонети на Англиската империја како Австралија, Канада, Нов Зеланд, САД...

Во време кога Дајана станува принцеза (јули 1981 година) британски премиер е Маргарет Тачер, позната како Железната Лејди. Таа е прва жена, британски премиер, шеф на десната Конзервативна партија која традиционално има посебен респект и односи со кралското семејство. Тачер дошла на власт во мај 1979 година, кога Британија се соочува со социјална напнатост, и ќе остане британски премиер се до ноември 1990 година, што е најдолг премиерски мандат во Лондон уште од 1827 година, времето кога крал бил Џорџ Четврти, а премиер грофот од Ливерпул.

Системот на Маргарет Тачер, помеѓу останатото, подразбира и систематизиран, силен маркетинг и односи со јавноста во владеењето. До тогаш невиден во Британија. Тачер е контраверзен политичар кој својата власт ја темели на блиска соработка со Вашингтон, особено кога американски претседател бил Роналд Реган. Тоа е време кога Тачер спроведува економски и социјални реформи кои предизвикуваат отпор кај пониските општествени класи, а кризата дома ја решава со војна за Фокландите против Аргентина, за мал остров кој се наоѓа непосредно до аргентинскиот брег.

Но, тоа не е доволно. Кабинетот на Тачер бара нова форма да го окупира јавното внимание, да го врати сјајот и самопочитувањето на Англичаните, и да се намалат социјалните тензии. Возобновување на сјајот на Кралскиот двор е добро решение за тие планови. Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс се здодевни и безлични. Потребен е нов лик. За домашна употреба, но и за англиско влијание во светот.

За таа цел, одбрана е Дијана Спенсер, прицезата од Велс. Лејди Ди.

Случајно или не, пропагандната владина машина одбира ист статус за двата свои врвни производи: Тачер е Челичната Лејди, а принцезата Дајана е – Лејди Ди.

Пропагандната машина на британската влада создава филмски лик, народна икона и мит од принцезата Дајана уште од првиот ден. Таа е профилирана како човек од народот; по своите сфаќања, принципи и намери најдобриот дел од Англичаните. Зад неа се гради слика на гламур кој е естраден, а не затворен, херметички кралски однос. Таа е постојано опишувана од медиумите како отмена, без негативни емоции, скромна и умерена во однесувањето. Се среќава со сиромашни, болни и немоќни на кои им помага и им дава надеж. Мајка Тереза, во салонска верзија на Бакингамската палата.

Таблоидите наводно ја следат во чекор, но добиваат информации кои се полезни за владата и профилот за принцезата Дајана кои тие го создаваат. Но, не се сите таблоиди подготвени да примат, и објавуваат наводно тајни и ексклузивини информации за Лејди Дајана кои, посредно и спинувано, им ги подготвува владата на Тачер. Некои од нив, кои не се блиски до владата, бараат и истражуваат подлабоко. Упорно и наметливо.

Политичката употреба на Лејди Дајана за потерби на британската влада е постојана. Од наменски хуманитарни акции, до отворени политички планови. Таа е ликот на Англија: хумана, слободна, отмена... секогаш е претставник на некој престижен британски институт, фондација, или на самата британска влада и кралскиот Двор. Гордост на Британија која се крши под социјалните реформи на Тачер.

Дајана е согласна на таа улога, и добро се снаоѓа во неа. Се додека некој отстрана ја води. Политиката со време станува нејзина преокупација, иако Дајана нема личен капацитет да креира настапи и акции без владина асистенција. По инерција, таа се занимава со политика и по разводот, и откако владата ќе крене раце од неа, и ќе ја држи настрана.

Последното писмо на Лејди Дајана пред загинувањето, напишано на 11 август 1997 година, е со тема од Босна... Упатено е до хуманитарката Дилис Чејтам, и ја опишува тагата на Лејди Дајана заради жртвите од поставени мини во околината на Мостар. Владата не и дала поддршка и логистика за тој настап, како ни за анти воениот настап против поставување мини во Ангола, за кој е остро прекорена.

Но, нејзината слава трае и по недоразбирањата со владата. Писмото, со лого на Кенсингтон палатата, во април 2014 година е продадено на аукција во Бирмингем за 50.000 долари. Славата на Лејди Ди била приходна.

Нејзиниот фустан, лично одбран од колекцијата Емануелс, кој само еднаш го носела на бал во 1986 година, на аукција во Лондон е продаден за 167.000 долари.

Добротворините акции и хуманитарната работа на Лејди Ди имале динамика на индустриско производство. За помалку од десет години, од 1983 до јавното повлекување во 1992 година, таа е промотер на Британскиот црвен крст, Кралската фондација за добротворни акции, домови за лекување од СИДА, лепра, заштитник на серија домови за бездомници, фондации против нехумано оружје, агенции за заштита на животните, институции за борба против дрога и помош на млади наркомани, домови за стари лица...

Од 1989 била претседател на детската болница Грејт Ормонд, а истата година е избрана и за претседател на Британската семејна асоцијација. Од 1991 е претседател на Здружението за заштита од мозочни удари и болести на мозокот, а и покровител на Природонаучниот музеј, и претседател на Кралската академија за музика.

Списокот на активноти не завршува тука. Од 1986 Лејди Ди е претседател на Фондацијата Барнадо, онована во Англија во 1866 година за помош на деца и млади. Само за таа организација има над 100 добротворни настапи. Во 1995, за хуманитарна работа, е наградена со меѓународното признание Леонардо, кое се доделува за заслуги во уметноста, медицината и спортот. По разводот, дава оставка на скоро сите функции, а тоа се повеќе од 100 оставки во разни хуманитарни или јавни фондации и организации.

Градењето мит за принцезата Дајана одело до граница на невкус.

За да се овековечи нејзината венчавка, и истакне нејзината улога на народна принцеза од соништата, издадена е книга за изработката и опис на нејзиниот венчален фустан. Па така, во цела книга, се опишува како е тој порачан, замислуван и направен од 10.000 бисери... за, на крај, венчалниот фустан да заврши во музејот на принцезата Дајана, како историски артефакт. Се што е потребно, е направено да се реинкарнира сјајот на Империјата, и промовира новата принцеза која е сатисфакција за граѓаните желни за дворски престиж, и за моќно кралство респектирано во светот.

Патем, со создавањето моќен и влијателен лик преку митот за Лејди Ди, премиерката Маргарет Тачер и владата, како и подцнежните наследници на тој концепт влегуваат во самиот кралски двор, со свој производ и преку него имаат влијание зад затворените врати на Бакингамската палата.

За тоа време, кога се создава и гради профилот на Лејди Дајана, кралицата Елизабета Втора и нејзините дворјани не гледаат со разбирање и поддршка кон создавањето филмски лик за потреби на Маргарет Тачер. Напротив. Лејди Дајана ја става во сенка и кралицата Елизабета Втора, како и целиот кралски двор, особено во нејзина сенка постои и се движи нејзиниот син, принцот Чарлс.

Зад ѕидовите на кралскиот двор, во семејството, далеку од таблоидите се одвивале драми на нетрпеливост и подметнувања против принцезата Дајана. Таа, смирениот и отмен лик без нагласени емоции, често патела од напнатост и вознемиреност што и предизвикувало губење тежина и булимија. На два пати имала напади на депресија и обид за самоубиство. Состојби опишани од нејзиниот биограф Ендрју Мортон, во книгата – Дајана, вистинската приказна.

Дајана се жалела за неверствата, врската на принцот Чарлс со Камила Паркер која била мажена, уште од првите години на бракот. – "Мора да е многу очаен, и разочаран од тебе..." и одговорила кралицата мајка, Елизабета Втора.

Во интервју кое принцезата Дајана во 1992 година го дала на својот професор Питер Сетелен, таа ги открива и сопствените неверства, признавајќи дека е вљубена во човек од кралското обезбедување по име Бари Манаки. Тој добил отказ веднаш штом разузнавачите дознале за врската и ја известиле премиерката Маргарет Тачер, а потоа и кралицата Елизабета Втора. Набргу, во 1987 година, Бари Манаки загинал во сообраќајна несреќа. Како што загинала и прицезата Дајана, во Париз, десет години потоа.

Но, биографите на принцезата Дајана пишуваат и за други нејзини врски во време додека била во брак со принцот Чарлс. Се опишува врска долга пет години со инструкторот по јавање Џејмс Хјулит, за која зборува и Лејди Ди во интервју дадено за Би-Би-Си, емисија Панорама, на 20 ноември 1995 година.

Детективот Ален Павер, кој десетина години го истражува животот и загинувањето на Лејди Ди, изјавува дека Дајана имала свој дневник во кој уредно и хронолошки запишувала детали за љубовните навики, желби и постапки на принцот Чарлс, како и за неговата врска со Камила Паркер.

Според детективот Ален Павер овој дневник принцезата Дајана го употребила при преговорите околу разводот со принцот Чарлс, за да добиие подобри услови, како и повеќе време за престој со синовите.

Во 1990 година Маргарет Тачер ја напушта премиерската функција, и власта ја презема дотогаш анонимниот Џон Мејџор кој, иако бил министер во владата на Тачер, не оставил никаков персонален белег во јавноста. За разлика од Маргарет Тачер, силна доминантна фигура со визија, која нема страв од влијанието на кралицата туку, напротив, имала план како да ја прилагоди и употреби за свои политички цели... Џон Мејџор е анонимен лик, без авторитет кој, во сенка на кралицата Елизабета Втора, дополнително се измачува да воспостави своја контрола на теренот, во јавноста.

Работите почнуваат брзо и темелно да се менуваат.

Новата влада на Мејџор, соочена со свои проблеми и предизвици воочи создавањето на Европската унија со Мастрихтската спогодба и криза на фунтата, нема планови за употреба на кралското семејство како оние на Тачер, а големото влијание на дворот и популарноста на принцезата која почнува да делува без контрола, им е товар.

Алатка со која премиерот Мејџор не умее да се служи, а од друга страна популарноста на Дајана и кралскиот двор го става во сенка сиот негов лик и авторитет. Митот за принцезата Дајана, оставена без владина логистика, исчезнува.

По само една година од смена на власта, од приказните за Мајка Тереза во балски фустан од Бакингамската палата, Дајана станува објект за озборување во таблоидите.

Во 1992 година излегува спомнатата книга од дворскиот биограф МортонДајана, вистинската приказна... со детали од нејзиниот живот, брак и активности.

Биографијата која е последен удар врз кралското семејство, како фељтон, ја објавува и весникот Сандеј Тајмс. Информациите, со тоа, се достапни до секого во светот. Кон ова, таблоидот Сан во 1992 и 1993 објавува и тајно снимени телефонски разговори со коресподенција помеѓу принцот Чарлс и Камила Паркер, кои ги докажуваат наводите во биографијата, и го компромитираат кралското семејство.

Во 1992 година премиерот Џон Мејџор објавува пријателско раздвојување на принцот Чарлс, и принцезата Дајана. Задничкиот живот, неформално, завршува.

Во 1993 година принцезата Дајана решава да стави крај на двојниот живот на принцот Чарлс со Камила Паркер, мажена жена и негова девојка од младоста. Откако година дена претходно од кралицата Елизабета Втора побарала согласност за развод, за што не добила поддршка, овојпат тоа го повторила со лично барање до нејзиниот сопруг. И овој обид не успеал, барањето не и е удоволено.

Но, по тој разговор, Лејди Ди изјавува дека се повлекува од јавноста, и има намера повеќе време да поминува со синовите. Нејзина последна добротворна посета како принцеза Дајана е во 1995 година, на детската болница во Москва.

Дајана е веќе моќна, профилирана и етаблирана јавна личност која е миленик на масите. Таа е светлата точка во сивата слика за Англискиот кралски двор. Јавноста знае за дел од нивните брачни и дворски нетрпеливости, особено за врската на принцот Чарлс со Камила Паркер. Нејзините неверства се вешто скривани, или дифузирани како без значење, но врската на принцот Чарлс со Камила Паркер за јавноста е непростлива.

Во 1995 година принцезата Дајана дава интервју за Панорама, емисија на Би-Би-Си која ја водел новинарот Мартин Башир. Во таа прилика, на прашање од водителот дали имала реалции со учителот по јавање Џејмс Хјулит, таа одговара: - "Да, го обожавав, особено затоа што тоа беше време кога се соочував со големи лични кризи... имавме брак од тројца, што е голема гужва".

Набргу по емисијата, во декември 1995 година, кралицата Елизабета Втора преку кралско соопштение објавува совет, и согласност за развод помеѓу нејзиниот син принцот Чарлс, и неговата сопруга принцезата Дајана. По ова и принцот Чарлс објавува дека е согласен да се разведе со принцезата Дајана. Околу два месеци подоцна, објавени се условите и спогодбата за развод, постигната помеѓу принцот, принцезата и Кралскиот двор претставуван од кралицата Елизабета Втора.

Формално, бракот е разведен на 2 ноември, 1996 година.

Според традицијата, Лејди Ди и по разводот останува член на кралското семејство, а синовите Вилијам и Хари остануваат под стрателство на таткото Чарлс, и кралицата Елизабета Втора.

По разводот Дајана живеела во стан на Кенсингтон палас, во кој живееле со Чарлс во првите години од бракот. Имала право и на свои канцеларии во палатата Сент Џејмс.

Принцот Чарлс ја продолжил својата врска со Камила Паркер, со која се венчал во 2005 година. Овој брак значително лошо влијаел на неговото реноме, и го намалил неговиот и онака скромен авторитет во јавноста. Во мај 2014 година лондонските таблоиди објавуваат дека Чарлс е незадоволен од животот со Камила Паркер, која тој ја опишува како нападна, груба кон него и алкохолочар кој му го урива угледот.

Уште пред формалниот развод Дијана влегува во врска со Пакистанецот Хаснат Кан, потомок на авганистанското кралско семејство, лекар кој живеел и работел во Лондон уште од 1991 година. Своите релации тие долго ги држеле во тајност, прикажувајќи се како пријатели, а тој како нејзин медицински советник. Но, истрагата по загинувањето на Дајана, и изјавите на Хаснат Кан пред судот, докажуваат дека тие имале целосна љубовна врска речиси две години. Се до април, 1997 година.

Два месеци по раскинувањето на врската со Хаснат Кан,  Дајана почнала да се гледа и излегува со Мохамед Абдел Монеим Фајед, познат како Доди Фајед.

Тој бил син на египетскиот милијардер Мохамед Фајед, сопственик на хотелот Риц во Париз, најпознатата стоковна куќа во Лондон – Херодс се до 2010 година, на фудбалскиот клуб Фулам до 2013 година... и низа други имоти и инвестиции кои се проценети од магазинот Форбс на околу 2 милијарди долари. Доди Фајед му бил син од првиот брак со Самира Кашоги, сестра на саудискиот милијардер, трговец со оружје, Аднан Кашоги.

Доди Фајед студирал во Швајцарија, а потоа работел во дипломатија за владата на Египет, и тоа во амбасадата во Лондон. На таква функција, и со своето потекло, бил по службена должност истражуван и анализиран од британските разузнавачки служби. Потоа, работи во маркетинг службата кај својот татко, за стоковната куќа Херодс. Се занимавал со филм, и работел како продуцент на повеќе проекти.

Во 1986 година, Доди Фајед се оженил за манекенката и фото модел Сузан Жерард, но бракот завршил по само осум месеци.

Пред средбата со Фајед, Дајана има неколку политички и хуманитарни активности на своја рака, спротивно на обврските за одбегнување политички настапи кои ги прифатила по разводот.

Во Јанаури 1997 таа патува за Ангола, во акција за разминирање на градовите по војната. Во април настапува со говор пред Кралското географско друштво, повторно на тема опасност за цивилите од поставени мини во завојувани подрачја. Се појавуваат неколку текстови во лондонските весници кои ја потстетуваат Дајана дека не е веќе прицеза, и дека не и е место во политиката. Но, и покрај тоа, непосредно пред смртта, во август 1997, таа ја посетила Босна.

Во јули, 1997 година, Дијана патува со своите синови на одмор на францускиот југ и таму се среќава, и почнува врска со Доди Фајед. Првично, таа планирала со синовите да патува на Лонг Ајленд, во Њујорк, но по совет на британските разузнавачи и офицерите на Кралската палата, се откажува од тој план, и заминува за Франција. Во тоа време Доди Фајед имал и друга врска, со американската манекенка Кели Фишер со која заедно, пред неговата средба со Дајана, купиле куќа на Малибу.

Доди Фајед пловел по фрацуската ривиера во својата нова јахта Џоникал, кога ја сретнал Дајана. Според пријателот на Дајана, новинарот Ричард Кеј, тие во врска влегле набргу по средбата, и според него тоа и била прва љубов по разводот. Врската продолжила во август, со десет дневно крстарење по Италија, до Сардинија и Златниот брег на Франција. Уште тогаш, според истрагите за фаталната несреќа, некој добро упатен во нејзиното движење и комуникација им јавил на медиумите, особено лондонските таблоиди, дека Дајана е на љубовно патување.

По враќањето од крстарење, парот на 30. август заминал за Париз, во хотелот Риц сопственост на семејството Фајед, како попатен одмор на патот до Лондон. Имале закажано вечера во хотелскиот ресторан но, заради големо присуство на фоторепортери и новинари ја откажале вечерата, и тргнале кон парискиот стан на Доди Фајед, на Елисејските полиња, во близина на Триумфалната порта.

За да ги залажат фото репортерите, автомобилот на Доди Фајед тргнал претходно, без нив, а тие се возеле со друг, Мерцедес С280 управуван од пријателот на Доди, шеф на обезбедувањето во Риц - Хенри Пол, излегувајќи од задната страна на хотелот.

Пет минути подоцна, во 12:23 часот се случува судар. Автомобилот при брзина од 105 км/час удира во столб од подвозникот Понт Дел Алма.

На лице место загинале возачот Хенри Пол, и Доди Фајед. Дајана починала подоцна, во париската болница. Двајцата седеле позади, и не биле врзани со сигурносни ремени. Четвртиот патник, телохранителот на Дајана Тревор Рис-Џонс, кој седел на совозочакото место, го преживеал сударот.

Дијана била жива, и свесна во момнетот кога стасале фото репортерите кои ги следеле со мотори. Според сведоците меѓу фото репортерите, таа била зад созвозачот, изговарала полујасни зборови, и имала видно крварење од носот и увото.

Но, британската телевизија Ченел 4 во 2007 година објавила документарец со поинакви податоци. Во него се појавува францускиот Доктор Меиле, прв кој стасал на местото на несреќата и имал контакт со тогаш се уште живата Дајана. Тој тврди дека таа немала никакви видни повреди, туку била во шок, а тој и дал кислород.

Полицијата стасала на местото дури во 12:30, а Дајана е пренесена во болница во 1 часот. По неколку паѓања во бесознание, заради тешки внатрешни повреди во градите и во пределот на срцето, починала во 4 часот. Така вели официјалната верзија.

Дополнителна забуна и сомневања во овој извештај на француската полиција внесува и нивниот податок за брзината при сударот. Полицијата тврдела дека возилото удрило во подвозниот столб со брзина од 190 км/час, и дека на таа позиција се заглавила стерлката на брзиномерот. Но, судската истрага потоа утврдува дека брзинометарот бил дигитален, без стрелка, а дека брзината пред сударот била помеѓу 95 и 110 км/час.

Во 1999 година, дополнителна истрага на француската полиција утврдила дека Мерцедесот во кој се возела Дајана не удрил директно во столб, туку претходно имал судар со Фијат Пунто, бела боја. Тоа возило никогаш не е пронајдено.

Мохамед Фајед, таткото на Доди, стасал утредента и го пренел телото на загинатиот син во Лондон, каде е погребан според исламските обичаи.

Принцезата Дајана е пренесена од Париз во Лондон во присуство на нејзините две сестри и Принцот Чарлс, нејзиниот поранешен сопруг. Погребана е покриена со британско знаме, во приватните кралски гробишта Сент Џејмс.

Погребот е спроведен според кралска процедура, на 6. септември во опатијата Вестминстер. Ден претходно кралицата Елизабета Втора имала јавно, телевизиско обраќање со порака на сочувство и сожлување за трагедијата на Дајана. На погребната поворка, веднаш зад ковчегот, први оделе нејзините синови, и нејзиниот брат. Поворката била долга 6 километри, а на погребот дошле околу еден милион луѓе.

Митот за Дајана, и нејзината слава создавана и еруптирана во времето на Маргарет Тачер, не може да запре со самиот ден на најзината смрт. Постои инерција.

Местото во Париз, каде Дајана имала судар, е обележано како нејзин споменик. Според таткото на Доди Фајед, и пријателите на Дајана и неговиот син, неколкунеделната врска требала да заврши со венчавање, заради што Дајана и Доди, на денот на несреќата, биле во Париз да купат венчални прстени.

Таткото на Доди, Мохамед Фајед сопственик на Херодс, во најугледната стоковна куќа во Лондон поставил спомен обелжје, во форма на мала пирамида, на кое стојат сликите на Дајана и Доди, чашите од вино при нивната последна вечера – и венчалните прстени кои ги купиле на фаталниот ден.

Сите права за употреба на слики, фотографии и сувенири со ликот на принцезата Дајана ги има Фондацијата Дајана Меморијал. Но, и покрај тоа, стотици компании во светот петнаесет години заработуваат од трговија со ликот на Лејди Ди, за што Фондацијта води низа судски спорови, особено со фирми од САД и Европската унија. За колкава заработка од продажба на митот Лејди Ди се работи говори случајот дека Фондацијата Дајана Меморијал во 2004 година добила спор со Френклин Минт асоцијацијата од САД по кој Фреклин Минт требало да плати 22 милиони долари оштета за бесправна употреба на ликот и името на Лејди Ди за свои комерцијални потреби.

Принцезата Дајана, на своите синови, им оставила наследство од 20 милиони евра, кое можат да го користат по наполнета 30. година.

Смртта на Дајана била шокантна за англиската, британската, но и пошироката јавност. Со месеци пред нејзиниот стан во Кенсигтон палас се оставани цвеќиња, пораки, пеени песни и изразувана жал, љубов и тага кон принцезата, кон Лејди Ди.

Официјално, француските власти утврдиле дека се работи за сообраќајна несреќа која настанала затоа што возачот, според нив под дејство на алкохол, возел ризично обидувајќи се да ги одбегне фото репортерите кои на мотори јуреле по нив со обид да ги фотографираат Дајана и Доди Фајед. Според француската истрага, фото репортерите не биле во непосредна близина на Мерцедесот, и немаат директна вина за предизвикување на несреќата во која загинале три лица, меѓу кои и Дајана.

Следната година, во февруари 1998. Мохамед Фајед изјавил дека се работи за убиство организрано од британската разузнвачка служба МИ6, и сопругот на кралицата Елизбета Втора, принцот Филип. Покренува тужба и отвара судска постапка со наведените обвиненија за убиство на неговиот син, и Дајана. Истрагата се преотвара во Лондон во 2004 година, и повторно во 2007 година, за во 2008 да се донесе пресуда дека се работи за убиство од небрижност, како последица на невнимание од возачот Хенри Пол.

Мохамед Фајед тврдел дека британските разузнавачи организирале убиство со мотив - дека не може да се дозволи англиска принцеза, мајка на англиски престолонаследник, да биде мажена за Муслиман. Освен тоа, постоела опасност од оддавање државни тајни пред безбедносно ризичното семејство Фајед.

Во мај 2001 година Мохамед Фајед, во изјава за Дејли Експрес, тврди дека Дајана била бремена од Доди. Но, не се дадени докази за ова тврдење. Самиот Мохамед Фајед, по пресудата во 2008 година изјавува дека се повлекува од понатамошни судски процеси. По 10 години од трагедијата.

Никогаш не е објаснето зошто на судењето не е земена во постапка изјавата на најдобриот пријател на Дајана, Пол Барел, кој имал писмо напишано лично од Дајана кое му го предала во октомври 1996 година, денови на страв и вознемиреност... како нејзино обезбедување од заканите, и оставање сведоштво во случај на трагедија.

Во писмото до Пол Барел Дајана своерачно пишува дека се плаши за себе, и дека одредено лице (името е дел од писмото) се обидува да организира нејзино убиство со сообраќајна несреќа, за потоа да се овозможи непречено преженување на Принцот Чарлс. Претпоставките на Дајана од тоа писмо се покажале точни. Но, кога Пол Барел на судењето дал своја изјава и го понудил писмото, по лично барање на кралицата Елизабета Втора тој е изземен од процесот. Наводно, за да не се создаде скандал, членови на кралско семејство да се појават на суд.

Но, сепак, во октомври 2013 година тоа ќе се случи. Имено, полицијта го повикала принцот Чарлс да даде изјава во врска со смртта на принцезата Дајана. Новата истрага се води по сознанијата дека, можеби, припаници на британската армија учествувале во убиството на Лејди Ди. Изјави во полицијата требало да дадат Мохамед Фајед, но и Скот Бејкер, судија кој го водел процесот од 2004 до 2007 по тужба од Фајед.

Информацијата дека припадник на британската армија учествувал во убиството на Дајана се појавила на судењето на офицерот на британските специјални единици САС, снајперистот Дени Нејтингел во 2011 година. Му се судело за нелегално држење оружје, а според него тој бил цимер со војникот кој ја убил принцезата Дајана.

Во јануари 2014 година, се објавува изјава на принцот Вилијам, постариот син на принцезата Дајана, дека тој самостојно спроведува сопствена истрага за смртта на неговата мајка, и верува дека е таа убиена.

Според неговата изјава за неделникот Глоуб, убиецот се вика Борис, и претставува дел од меѓународен ланец за трговија со оружје. Истрага води и детективот Алан Пауел. Скотланд Јард, полицијата од Лондон, изјави дека нема да води нова истрага.

Видна и позната е приврзаноста на синовите Вилијам и Хари кон нивната мајка, принцезата Дајана, и нивниот живот на дистанца кон принцот Чарлс и кралицата Елизабета Втора. Во Август 2014 година принцот Вилијам и принцезата Кејт ја напуштиле кралицата Елизабета Втора и Бакингамската палата, и заминале да живет на село.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон го имаат синот Џорџ, роден во 2013 година. Првата посета со синот, согласно интересите на Империјата, ја остварија во Австралија. Од првиот ден на нејзината промоција, па преку венчавката во фустан од креаторот на принцезата Дајана... однесувањето во јавноста, и деталите од посетата на Австралија во април 2014 година... забележливо е колку Кејт Мидлтон го следи имиџот на Лејди Ди. Таа, и синот на Дајана - принцот Вилијам, го продолжуваат митот.

Според австралиските и англиските медиуми објавени во јули и август 2014 година, принцезата Кејт е повторно бремена. Ако бидае женско, Кејт посакувала да ја крстат Дајана. Ќерката дојде на свет, но беше крстена Шарлот. Последниот збор, сепак, го има кралицата Елизабета Втора. Кралскиот двор со тоа стави точка на легендата за Лејди Ди, а принцот Вилијам, постариот син на Лејди Ди е најавен како иден крал на Англија. Неговиот татко, принцот Чарлс ќе биде прескокнат.
Тајната за смртта на Леди Ди останува до некои други времиња.

(Д.П. Латас)

Најнови вести

Коментари