Редовните интимни односи освен што придонесуваат за блискоста на партнерите уште и го подобруваат физичкото и менталното здравје. Водењето љубов го активира нашиот мозок, го засилува лачењето на многубројни супстанци кои поттикнуваат добро расположение, го намалуваат стрестот и опуштаат, но дали сте знаеле и дека врелата акција не прави попаметни?!

Еве зошто водењето љубов е добро за мозокот:

Го изострува умот

Водењето љубов го активира мозокот. Всушност ја „осветлува“ целата наша сива мозочна маса, така правејќи го многу поефикасен мозокот. Освен тоа, интимните односи ги зајакнуваат нашите аналитички способности. Кога сме интимно активни, нашиот мозок е фокусиран на сегашниот момент. Тој вид фокус го изострува конкретното мислење, вербалното и визуелното забележување, визуелно-просторната ориентација, па дури и јазичките вештини.

Ја подобрува меморијата

Се покажало дека интимниот однос го стимулира растот на новите мозочни ќлетки, првенствено во хипокампусот. Овој дел од мозокот е од витално значење за памтење и складирање информации. Кога се тестираат, полово активните лица тие подобро ги паметат зборовите и имаат подобри резултати кај визуелното и вербалното препознавање. Студиите покажале дека двојките кои имаат здрав интимен живот низ годините покажуваат побавен пад на памтењето.

Го поправа расположението

Најпознатата рекција на мозокот на водењето љубов е начин на кој прави да се чувствуваме добро. Тоа е заради ослободување на моќни супстанци како што се допамин, окситоцин, вазопресин и норадреналин. Овие хемикалии силно делуваат на нашиот организам и ни помагаат да се поврземе со партнерот, но и го поткреваат нашето расположение.

Често кога нашиот моозк ќе ослободи окситоцин, добиваме и поголемо количество мелатонин, неврохемикалија која делува на намалување на нивото на кортизол, со што се намалува стресот и анксиозноста. Освен тоа интимниот однос го намалува и крвниот притисок, зголемувајќи го протокот на крв низ нашето тело. Ова помага не само за здравјето на срцето, туку и за подобра снабденост на мозокот со кислород.