logo
logo
logo

ЗЛАТНА ТРЕСКА во Србија, откриено ново наоѓалиште на злато

Vecer | 24.01.2023

ЗЛАТНА ТРЕСКА во Србија, откриено ново наоѓалиште на злато

Србија има две нови наоѓалишта на златна руда, од кои едното има потенцијал да биде меѓу првите 100 наоѓалишта во светот, соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој завчера изјави дека во Србија е пронајдена друга локација со злато, каде има многу повеќе злато отколку на наоѓалиштето во Жагубица, за кое претходно беше објавено дека се најдени големи златни резерви.

Медиумите претходно објавија дека во месноста Чока Ракита во општина Жагубица, на три километри југоисточно од Проектот за злато Тимок, пронајдено е богато наоѓалиште на злато, чии прелиминарни димензии се 500 x 250 x 80 метри. „Тоа е едно од првите сто најголеми наоѓалишта на злато во целиот свет, а можеби и подобро отколку во целиот свет, рече претседателот и додаде дека „не може да прецизира каде е тоа место, бидејќи сите би оделе таму“.

Претседателот Вуќиќ додаде дека само тој и уште едно лице ја знаат точната локација.

„Не се обидувајте да дознаете додека не почнеме да си ја работиме работата, бидејќи кога ќе се дознае, цените ќе скокнат 10 и 50 пати“, рече Вучиќ и изрази жалење што Србија ја пропуштила можноста да ги искористи наоѓалиштата на литиум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk