logo
logo
logo

Видео

ЖЕНСКО ТЕПАЊЕ ВО АВТОБУС: Инцидент меѓу контролорка и две патнички

Vecer | 04.10.2022

ЖЕНСКО ТЕПАЊЕ ВО АВТОБУС: Инцидент меѓу контролорка и две патнички

Во автобус на ГСП на белградската линија 78 дошло до инцидент помеѓу две контролорки и една патничка.

Како што може да се види на видеото објавено на страницата на Инстаграм „Serbia live Beograd“, имало и физички контакт. Контролорката дури и ја фатила патничката за јаката.

 

Видеото е опишано вака:

„Штотуку линија 78 Босанска, нападнаа жена оти картата не била нејзина, а притоа била чукната. СРАМОТА!!! 2 жени од контрола, буквално ја кубеа и тепаа жената, повикана е полиција“.

Присутните застанале во одбрана на патничката викајќи: „Оставете ја жената намира“ или „Немој јас да тепам“...

Автобусот застанал на постојката „Босанска“ во Земун и сите актери го напуштиле возилото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk