Земјите од Западен Балкан да си ја напишат домашната задача, порача Хан

Шесте земји-кандидатки од Западен Балкан се на иста стартна позиција и секоја од нив треба да ги исполни барањата за членство, со цел понатаму да стане збор за европската перспектива,  изјави еврокомесарот Јоханес Хан, од Самитот во Софија.

„Процесот е во тек, секоја земја мора да ја напише својата домашна задача, а потоа ќе има европски перспективи“, рече Хан и додаде дека од земјите зависи со која брзина ќе се движат нагоре на патот кон Европа.

За разлика од Хан, претседателот на европскиот парламент Антонио Тајани и автрискиот канцелар Себастијан Курц оценија дека засега Србија и Црна Гора имаат најголеми шанси за влез во Европската Унија. Австрискиот канцелар во однос на Македонија рече дека очекува напредок во спорот за името.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари