logo
logo
logo

Земал пари, а ТЕЛАТА ГИ ЗАКОПУВАЛ ВО ШУМА, може да се 50, НАЈДЕНИ ДОСЕГА 7 во близина на Софија

Vecer | 25.05.2022

Земал пари, а ТЕЛАТА ГИ ЗАКОПУВАЛ ВО ШУМА, може да се 50, НАЈДЕНИ ДОСЕГА 7 во близина на Софија

Тела на седум постари лица се пронајдени во шума во близина на гробиштата во близина на бугарската престолнина Софија, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата вели дека првичната истрага покажува дека тие луѓе, чии тела биле закопани во шума, најверојатно починале од природна смрт, пренесе АП.

Инспекторите се сомневаат дека се работи за штитеници во домовите за стари лица во Софија, кои таму биле незаконски погребани по нивната смрт, како дел од незаконска шема за наплата на трошоци за погреб.

Во врска со случајот е уапсен 51-годишен службеник на погребалното претпријатие и обвинет за припадност на поголема криминална група која ги земала телата на починатите од домовите за стари лица, наводно планирајќи кремирање, наместо тоа ги закопале во шумата во близина на гробиштата.

Според бугарските медиуми приведениот Георги Енев, бил фатен на лице место додека погребувал тело.

- Дупките што ги ископал биле длабоки само 40 сантиметри, а Енев имал признаено повеќе од 50 тела, пишува Факти.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk