Запленети 250 илјади евра од странец кој летал кон Тирана

Албанската погранична полиција на аеродромот Ринаси кај Тирана блокираше непријавени 25о илјади евра на израелски државијанин кој полетал од Москва за Албанија.

Албанското МВР соопшти дека израелскиот државјанин со иницијали Е.Р (49), на пограничната албанска полиција и изјавил дека парите во кеш не ги пријавил бидејки не ги познава правилата за внесување на девизи во Албанија. Албанските власти започнале истражни дејствија, а медиумите во Тирана додаваат дека засега нема официјална информација која била причината што израелскиот државјанин ги донел парите во кеш во Албанија.

Во дел од албанските медиуми се изнесени и сомнежи дека станува збор за внесување на поголеми средства во девизи за руско влијание во земјата. Овие коментари се поврзуваат и со средствата во висина од еден милион долари кои за лобирање ги добила опозиционата Демократска партија на Албанија, од страна на поранешен агент на руската КГБ . По обвинувањата на премиерот Еди Рама на адреса на лидерот на Демокраската партија, Лулзим Баша, за добиените руски средства, опозицијата ги демантираше ваквите тврдења. Сепак албанското обвинителство најави дека ќе покрене истрага за наведениот милион долари кои дошле на сметка на Демократската партија на Албанија, а медиумите денеска информираат дека ФБИ веќе е вклучена во истрагата. /К.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари