Западот пресече: Предложен план од 8 точки за решавата на ситуавцијата на Косово

Деескалацијата на оваа ситуација беше тема вчера во Кишињев на Самитот на Европската економска заедница, кога на иста маса се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Приштина, Вјоса Османи, заедно со лидерите на ЕУ, Германија и Франција. .
Недолго потоа пристигна конкретен план за итна деескалација на ситуацијата, а негови автори се земјите од Квинтата и Европската унија, пишува „Албенијан пост“. Тој има вкупно осум точки.
Во воведниот дел се наведува дека до значителна деескалација може да дојде само со враќање на косовските Срби во институциите и нивно учество во демократските процеси. Исто така, се вели дека ЕУ и Квинтата (САД, Германија, Франција, Италија и Велика Британија) ја преземаат одговорноста за водење на процесот. Исто така, се наведува дека во секој чекор од процесот, конструктивно се ангажираат владите на Србија и Приштина, политичките партии на косовските Албанци претставени во новоизбраните општински тела и политичките партии на косовските Срби.
Точка 1
Како што наведува весникот, во првата точка пишува дека е потребно итно застапување за толкување на Основниот договор меѓу Косово и Србија, потпишан во Охрид, особено во точките 1, 3, 7 и 9.
Членот 1 од тој договор, инаку, бара од страните да развиваат нормални односи. Член 3. дека сите спорови треба да се решаваат по мирен пат. Членот 7 кој се однесува на создавање на самоуправни општини со српско мнозинство на Косово, како и член 9 каде и двете страни и донаторите се обврзуваат да креираат финансиски пакети за економски развој.
Точка 2
Втората точка предвидува повлекување на косовската специјална полиција од северот на Косово. Истовремено, Србија го намалува бројот на припадниците на српските вооружени сили околу административната линија.
Точка 3
Во третата точка пишува дека безбедноста во општините на северот на Косово е доверена на косовската полиција, со помош на КФОР и ЕУЛЕКС.
Точка 4
Четвртата точка предвидува прекин на сите протести и враќање на нормалниот живот. Редовните општински функции и служби продолжуваат со работа. Општинските простории се достапни за општинските службеници. Терминот „општински функционер“ се однесува на косовските граѓански, општински службеници.
Точка 5
Во средината на јули 2023 година, градоначалниците поднесуваат оставки, а претседателот Вјоса Османи бара нови избори.
Точка 6
Шестата точка предвидува одржување на тие избори кон крајот на август или почетокот на септември 2023 година.
Точка 7
Точките 3, 4, 5 и 6 се усогласени со значителен напредок во дефинирањето на рамката за самоуправа за заедницата на косовските Срби (член 7 од Основниот договор) и спроведувањето на член 1 од Основниот договор како чекор со добра волја.
Точка 8
Во средината на ноември 2023 година ефективно се имплементираат членовите 1, 2, 3, 7 и 9 од Основниот договор.