Замбија ги ослободи осуммината Хрвати, осомничени за трговија со деца

Постои можност дури и да заврши рочиштето, да се започне уште едно, што за четирите уапсени двојки би значело уште неколку месеци престој во Замбија, а можеби и повеќе, пренесува index.hr.
Осуммината Хрвати, меѓу кои и гитаристот на познатиот бенд „Хладно пиво“, во февруари веќе беа пуштени пред судот во Замбија, но полицијата повторно ги уапси на аеродромот и ги врати во притвор, а судот повторно покрена обвинение против нив. Причина за ова била анонимна дојава која пристигнала од Хрватска.
Се уште не е позната состојбата со децата. Претходно, минатата недела, во медиумите беше објавено дека децата се сместени во некаков малолетнички затвор, бидејќи нема домови за незгрижени деца, а последователно Министерството за надворешни и европски работи извести дека децата од ДР Конго, кои требало да бидат посвоени од четирите хрватски парови, биле преземени од замбиските служби за социјална заштита, дека се безбедни и дека имаат добри услови.