Захарова: Промена на границите? Нема ли да имате проблем со тоа?

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова која се наоѓа во посета на Белград, не одговори на прашањето каков е ставот на Русија по прашањето за разграничувањето меѓу Србија и Косово и возврати со контрапрашање.

„Извинете, можеби не е правилно да одговорам на прашање со прашање, но нема ли вие да имате проблем со тоа? Тоа не е прашање за Русија, туку за Србија. Да повторам, нашиот став е непроменет во текот на повеќе години, нашиот став е практично заснован на меѓународното право и резолуцијата 1244“, наведе Захарова

Таа истакна дека Русија со почитување ќе го прифати решението што ќе го избере Србија. Истовремено додаде дека доследноста е основна особина на руската надворешна политика и дека Белград го знае тоа. Захарова истакна дека Русија нема да ја прифати лагата дека Косово било одвоено од Србија на основа на референдумско изјаснување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари