И двете страни очекуваат активности

За утре, во сабота, се најавуваат вооружени акции во северно Косово

Неколку десетици воени возила, меѓу кои и борбени, од унгарскиот контингет на КФОР забележани и снимени како попладнево се упатуваат на северот од Косово. Попладнево, косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши имал средба со командантот на КФОР генерал мајорот Салваторе Куочи.

Дали сабота ќе биде денот Д за иднината на Косово, вклучително и особено за тамошните Срби? Имено, во петок на полноќ истекува рокот кој Европската унија и го даде на косоваката влада да подготви и објави решение за Заедницата на српските општини со која, според тројниот договор Косово-ЕУ-Србија се дефинира статусот на српското малцинство во Косово и степенот на нивната автономија. 

Петок истекува, а од тој документ на Косово нема ни најава, а уште помалку релаизација. Напротив, се создава тензична атмосфера во која косовските медиуми најавуваат дека косовските Срби, доколку не се објави договорениот документ и законско решение кое е обврска на косовските власти, се подготвени да прогласат автономија и дека косовската полиција во сабота ќе преземе акција против Србите на Косово.

Албанскиот портал Veriu.info објави дека косовската полиција планира во сабота да преземе “ризична акција“ на северот на Косово. 

Пратеникот во косовското собрание, Џелал Свечла од Самоопределување, синоќа во ТВ настап објави дека е загрижен за вооружена ескалација на северот на Косово, и дека косовските полицајци се повикани да го прекинат годишниот одмор и денес, во петок, да се стават на располагање. Оваа информација ја потврди, и докумнетира, и косовскиот портал Kallxo.

Дека се работи за сериоана опасност потврдува и српската страна, бидејќи денес српскиот претседател Александар Вучиќ со отворено писмо им се обрати на Србите во Косово. Тој во своето подолго обраќање изнесува загриженост од сознанијата дека на Косово се подготвуваат провокацуии против Србите, дека е тоа план кој стартува токму во сабота, и дека бара од косовските Срби да не наседнуваат на провокациите и не преземаат дејствија. Ќе го решаваме проблемот со сите политички сретства, нагласува Вучиќ, бидејќи на Србија не и треба војна.

Причина за тие провокации, според Вучиќ, е што косовските власти немаат намера да ги спроведат своите обврски преземени кон Евроспката унија и кон Србија, а тоа е законска регулатива на Заедницата на српските општини, и ќе се обидат со провокации да го свртат фокусот од главните причини. Освен оваа главна цел според писмото на Вучиќ, намера на косовските власти е и да преземат полициска контрола врз два стартешки стопански објекти - хидроцентралата Газиводе и трафостаницата Валач, кои имаат клучна важност за опстанок на Србите на северот на Косово.

Српскиот претседател ги повикува НАТО и КФОР да ја контролираат ситуацијата и да не дозволат насилни и вооружени акции против Србите на Косово.

- “Ние нема да дозволиме нова акција Олуја за протерување на Србите... Србија е денес подготвена да ги преземе своите обврски, и да ги заштити вашите животи, ако тоа стане неопходно, заклучува српскиот претседател Александар Вучиќ во своето отворено писмо до косовските Срби.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари