logo
logo
logo

За што се спрема Грција, распоредуваат ВОЕНИ ВОЗИЛА НА ОСТРОВИТЕ

Vecer | 25.09.2022

За што се спрема Грција,  распоредуваат ВОЕНИ ВОЗИЛА НА ОСТРОВИТЕ

Турските воени дронови забележале грчки десантни бродови кои превезуваат воени возила, донирани од САД, и дека возилата биле распоредени на островите во Егејското Море.

Ова е кршење на меѓународното право, јави денеска Anadolu Agency.

Турски воени дронови летаале над Егејското Море меѓу Лезвос и Самос, а потоа забележале грчки десантни бродови на пат кон тие острови..

Бродовите превезувале 23 воени возила за Лезбос и 18 за Самос, испратени од САД.

Акцијата на Грција на 18 и 21 септември покажува дека Атина продолжува да ги милитаризира островите во близина на Турција и го нарушува нивниот воено неутрален статус, што е неприфатливо, изјавија турски безбедносни извори, се потенцира во написот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk