За една недела увозот од Србија и БиХ во Косово намален за 50 отсто

Директорот на косовската царина Бахри Бериша изјави дека увозот од Србија и Босна и Херцеговина се намалил за 50 отсто, на седум дена по воведувањето на данок од 10 отсто на производите од овие две земји.

„Споредбата е направена една недела по воведувањето на решението. Ова покажува дека на само една недела пред одлуката имаше околу 7 милијарди евра на увезените производи од двете земји, Србија и Босна и Херцеговина, што во текот на следните шест дена, по одлуката на властите, имаше 3,5 милијарди евра увоз од двете земји “, рече тој.

Косовскиот министер за трговија и индустрија Eндрит Шаља, пак, објасни дека Владата на Косово оваа мерка ја вовела на барање на производителите на Косово, но вели дека не ја исклучува ниту можноста за заострување на овие мерки и дека „досега во државниот буџет се собрани околу триста илјади евра”, пренесува Н1.

„Одлуката е донесена како резултат на поплаки од нашите производители, нашите извозници, во однос на третмант, кои го имаа од Србија и Босна и Херцеговина, и двете потписнички на ЦЕФТА. Таква одлука беше неопходна. Мислам дека оваа мерка треба да биде уште поостра и во моментов се извршуваат консултации по ова прашање“ , вели Шаља.

На оваа одлука на Владата на Косово вчера реагираше и Амбасадата на САД во Косово, оценувајќи дека овој потег на Владата создава несигурност за бизниси и ја дестабилизираат економската ситуација.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари