logo
logo
logo

Се претера

За Џамбаски Македонците се ДЕГЕНЕРИЦИ ПРЕОБРАТЕНИ ОД ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ СЛУЖБИ

Vecer | 16.09.2021

За Џамбаски Македонците се ДЕГЕНЕРИЦИ ПРЕОБРАТЕНИ ОД ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ СЛУЖБИ

Коментирајќи го пописот во Македонија, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски упати тешки навреди кон тие што се изјаснуваат како Македонци во Пиринска Македонија.

– На актуелниот попис тие ќе направат сè што е можно за да ги дотуркаат Бугарите во Република Македонија до некоја бројка, блиска или еднаква со вкупно земено таа групичка на неколкумина преостанати испијанети дегенерици во Пиринска Македонија, преобратени од бившите југословенски служби, кои се самоопределуваат различно од бугарскиот начин и вкупно од 10 човека имаат 5 заби. Така што, тоа им е целта и тоа им е задачата. И тука ние треба да сме многу цврсти во тој правец. Направивме една кампања за обид за притисок во Европскиот парламент и во Европската унија, да видиме каде и како ќе се одрази таа, изјави потпретседателот на ВМРО-БНД на Каракачанов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk