logo
logo
logo

Вулин: Не се сеќавам дека Украина побара седница на Совет за безбедност или санкции против српските агресори

Vecer | 04.10.2022

Вулин: Не се сеќавам дека Украина побара седница на Совет за безбедност или санкции против српските агресори

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин реагираше на изјавата на украинскиот амбасадор Володимир Толкач за N1, дека во Киев е се потешко се разбираат разберат аргументите на Србија да не воведува санкции кон Русија.

Како што се наведува во соопштението, Вулин рекол дека не може да се сети на украинското барање за специјална седница на Советот за безбедност на ОН или воведувањето санкции против српските агресори.

„Десетици српски момчиња и девојки загинаа во бомбардирањето на НАТО. Не можам да се сетам на барањето на Украина за специјална седница на Советот за безбедност на Обединетите нации или на воведувањето санкции против српските агресори“ вели тој.

Додава дека не е доцна за Украина и за сите земји кои бараат судење за воени злосторства во конфликтот Украина-Русија, бараат да им се суди на убијците на српските деца во агресијата на НАТО, воените злосторства да не истечат, ова е можност да се покаже принципиелност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk