logo
logo
logo

Вучиќ:Земја од ЕУ ни ги даде информациите, седум имиња се на списокот

Vecer | 23.01.2022

Вучиќ:Земја од ЕУ ни ги даде информациите, седум имиња се на списокот

Во интервјуто за ТВ Пинк Вучиќ како можна причина за планираниот атентат ја наведе борбата против нарко картелите во Србија но и обидите земјата да се дестабилизира..

Вчера српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин истакна дека припадници на полицијата и претставници на Европол покренале акција за откривање на идентитетот на сите членови на таа организација и дека дознале дека на чело бил црногорскиот државјанин Радоје Звицер – по кого Србија веќе распишала потерница.Тој потенцираше дека истрагата ќе утврди дали Звицер по своја иницијатива ја собрал групата да го убие Вучиќ или добил наредба од „неговиот политички шеф“.Синоќешното интервју на Вучиќ на кое тој говореше на повеќе теми, не беше во телевизиското студио на ТВ Пинк туку во новиот брз воз, во кој Вучиќ пред два дена имаше пробно возење и се пофали дека бил срушен рекордот од 181 км на час.. Дел од српските медиуми ова интервју го оквалификуваа како бизарно ..Вучиќ во интервјуто  потсети дека информацијата за планираниот атентат ја добиле од земја-членка на ЕУ на 14 јануари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk