logo
logo
logo

Вучиќ: ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕМА ДА ГО ПРИМАТ ВО ЕУ

Vecer | 04.05.2021

Вучиќ: ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕМА ДА ГО ПРИМАТ ВО ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа истакна негова желба е сите земји од Западен Балкан да зборуваат во еден глас и заедно да влезат во ЕУ.

Но, како што рече, смета дека тоа не е реално во овој момент.

„Нема да не примат во ЕУ, затоа што немаат капацитет да не примат било кој“, рече Вучиќ на прашањето зошто шесте држави од Западен Балкан со сите проблеми што ги имаат да не влезат заедно.

- Сите сме на европскиот пат, но како што се приближуваме, треба да работиме заедно за да живееме подобро и да одиме со еден глас, посочи тој.

Сепак, тој забележа дека што и да понуди или направи, велат дека правиме голема Србија. На новинарско прашање зошто не поставуваме ултиматум на ЕУ, Вучиќ праша - „Со што да им се закануваме“ и додаде дека треба да бидеме поблиску еден до друг.

Во однос на БиХ, тој рече дека што и да направи Србија ја критикуваат дека прави Голема Србија.

Тој оцени дека БиХ има сериозен економски потенцијал и сериозни шанси, но дека треба многу работа и напор и дека треба повеќе да се занимава со економски, а не со политички прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk