logo
logo
logo

Вучиќ за куклата на која е обесен: ТЕХНИЧКА ВЛАДА И УЦЕНИ НЕМА ДА ПРИФАТАМ

Vecer | 05.06.2023

Вучиќ за куклата на која е обесен: ТЕХНИЧКА ВЛАДА И УЦЕНИ НЕМА ДА ПРИФАТАМ

Преодна влада нема да има додека сум јас претседател. Или додека сум жив, бидејќи може мојот мандат да биде прекинат како што предложија на протестите. Тоа може. Ајде завршете ја таа работа веќе еднаш, олеснете ми ми малку, изјави претседателот Вучиќ откако на протестите на опозицијата се појави кукла со неговиот лик како обесен.

Тој вели дека нема да подлегне на притисоците дури и по цена да го убијат.

Никогаш ни под кои услови нема да потпишам преодна или техничка влада и нема да прифатам уцени и власта да дадам на најлошите. Ако мене ме убијат останува мојот брат, ако го убијат и него останува синот Данило, ако го убијат и него останува ќерка ми а ако ја убијат и неа останува другиот син Вукан и нашите гробови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk