logo
logo
logo

Вучиќ: Трговските центри наскоро ќе бидат ЗАТВОРЕНИ во регионот

Vecer | 04.10.2022

Вучиќ: Трговските центри наскоро ќе бидат ЗАТВОРЕНИ во регионот

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Будимпешта и се обрати на јавноста.

„Ситуацијата е многу, многу тешка, но не вреди да кукаме. Но, да видиме како ќе се подготвиме за зимата. Се договоривме со Австрија и Унгарија како да си помогнеме“, изјави Вучиќ.

„Денеска разговаравме за безброј важни теми, таму беа и Петер Сијарто и Синиша Мали. Многу е важно да се зборува за финансии, да се види како да се решат проблемите во иднина. Кога Унгарија има основна каматна стапка од 13 проценти, се е јасно. Мораме да ја зачуваме нашата стабилност. Луѓето засега немаат премногу причини за грижа, но допрва следуваат многу потешки времиња“, рече претседателот на Србија.

Тој вели дека сето она што сме го добиле и заработиле, може да го изгубиме за шест месеци поради неодговорноста на светските лидери.

Тој рече дека наскоро ќе се затворат трговските центри во нашите простори, бидејќи нема да им се исплати на продавниците да ги отворат вратите и да плаќаат високи сметки за струја.

„Треба да видиме како да ја зачуваме ниската цена на гасот и струјата, не само за домаќинствата, туку пред се за компаниите, да ги субвенционираме. Како да ги спречиме да го изгубат местото во производниот синџир. Таму преживуваат најсилните, малите играчите немаат шанса. Наскоро, во регионот, ќе дојде до затворање на трговските центри, нема да им се исплати на луѓето  да плаќаат повисока кирија“, вели Вучиќ.

Фото: Кабинет на претседателот на Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk