logo
logo
logo

Вучиќ: Србија и Македонија ТРЕБА ДА ПОЧУВСТВУВААТ ПОЧИТ ОД ЕУ

Vecer | 25.05.2022

Вучиќ: Србија и Македонија ТРЕБА ДА ПОЧУВСТВУВААТ ПОЧИТ ОД ЕУ

Ако сакаме да одиме во ЕУ, потребен ни е билатерален пристап. Треба да чувствуваме почит, рече претседателот на Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Давос е дел од годишниот состанок на Светскиот економски форум, мислејќи и на Србија, но и на Македонија.

Тој потенцираше дека има голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Македонија.

- Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме нашето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Задоволни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме, рече тој.

Според Вучиќ има добра соработка со сите и сите се добредојдени во Отворен Балкан.

-  Кој сака соработка, сака, кој сака, добредојден е и толку, рече Вучиќ зборувајќи за „Отворен Балкан“.

Вучиќ истакна дека односите меѓу Македонија, Албанија и Србија никогаш не биле подобри.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk