Вучиќ телефонски им се обратил на Србите од Бање

По неуспешниот обид да стигне до селото Бање, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на тој регион поради протести и блокади, претседателот на Србија Александар Вучиќ, им се обратил на жителите на селото по телефон од Митровица.

Вучиќ им објаснил дека решил да замине за да не ги загрози нивните животи и ги замолил да бидат смирени.

Зборовите на српскиот претседател биле емотивно примени од жителите на селото.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари