logo
logo
logo

Вучиќ: Србија добива и фабрика за „Синофарм“ вакцината

Vecer | 11.03.2021

Вучиќ: Србија добива и фабрика за „Синофарм“ вакцината

Од 15 октомври ќе имаме голема количина вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мора и по цена на чинење да му дадеме и на регионот, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе никне нова фабрика за вакцината на Синофарм, во соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Кинезите, јавува Б92.

– Од 15 октомври ќе имаме голема количина вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мора и по цена на чинење да му дадеме и на регионот – вели Вучиќ.

– Следните денови во рок од две недели, тоа ќе го направиме и официјално и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за Синофарм вакцини, која ќе ја градиме заедно со Обединетите Арапски Емиреати и со Кинезите во Србија – објаснил претседателот Вучиќ и укажал дека покрај направениот ходограм со надлежниот руски министер за производство на руската вакцина во рамките на Торлак, договорено е фабриката за вакцината на Синофарм да биде изградена и да почне со производство од 15 октомври.

– Дотогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи тоа што го научив вечерва е дека ќе мораме па макар и по цена на чинење да дадеме вакцини и на регионот, бидејќи сите наши луѓе кои ќе ги излечиме или превентивно да делуваме нема да вреди ако во регионот има проблем – објаснил Вучиќ.

Тој вели дека Србија ќе може да произведува два или три милиони вакцини месечно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk