logo
logo
logo

Вучиќ со вонредно обраќање: Во Србија дејствува „увезена мафија“ од Црна Гора

Vecer | 09.02.2021

Вучиќ со вонредно обраќање: Во Србија дејствува „увезена мафија“ од Црна Гора

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека криминалната група околу Вељко Беливук е „ужасно силна гранка“ на мафијашкиот клан од Црна Гора.

Вучиќ рече дека во Србија дејствува „увезена мафија“ од Црна Гора.

„Белград им беше важен како центар за логистика и трговија со дрога. Главните водачи, како Беливук, имаат свој шеф кој денес е на територијата на Црна Гора. Тие се увезени убијци и криминалци, а потоа тука беше создадена страшно силна гранка што успеа да создаде војска, без врховниот командант и неговиот заменик кои беа во друга земја “, рече Вучиќ во вонредното обраќање до граѓаните.

Тој исто така изјави дека еден од двата спротивставени криминални клана од Црна Гора имал информации за движењето на членови на друг клан во Србија.

„Не би ја исклучил можноста високи функционери од различни служби да помогнале тука на различни начини. Нема сомнение на оперативно ниво дека сето ова е тешко да се направи без нечија поддршка, помош или премолчена согласност. Затоа ние работиме толку енергично за жестоко да се спротивставиме и да ги истражиме „сите од државниот апарат кои им помагаа на различни начини“, рече претседателот на Србија.

Тој ја пофали координацијата на Агенцијата за безбедносни информации (БИА) и полицијата, кои, според неговите зборови, „никогаш не биле подобро поврзани“ отколку денес.

Беливук е поврзан со „кавачкиот клан“, а во полициските записи, Слободан Кажелан се споменува како водач на тој клан.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk