logo
logo
logo

Вучиќ: Сега сме сигурни – СРБИЈА ЌЕ ИМА 7,5% ЕКОНОМСКИ РАСТ

Vecer | 02.12.2021

Вучиќ: Сега сме сигурни – СРБИЈА ЌЕ ИМА 7,5% ЕКОНОМСКИ РАСТ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера соопшти дека во третиот квартал стапката на економски раст во Србија изнесувала 7,7 отсто.

Тој додаде дека врз основа на овие податоци Србија годинава ќе има раст од над 7,5 отсто.

Вучиќ на прес-конференција потсети дека блиската проценка за третиот квартал е 7,4 отсто. Вкупниот раст во првите три квартали од годинава е 7,6 отсто.

„Тоа значи, не сметајќи ја Ирска поради спецификите на нивниот БДП, поради присуството на меѓународните интернет гиганти, Србија ќе биде земја со највисока стапка на раст во Европа во 2020 и 2021 година“, објасни тој.

Тој рече дека е горд на граѓаните и нашата земја, бидејќи успеавме да бидеме најбрзо растечката економија во Европа.

„Граѓаните тоа го заслужуваат со својата работа, паметни политики и добри мерки. Тоа ќе значи побрз раст на животниот стандард отколку во сите делови на Европа. Се разбира, тоа не значи дека сме посилни од Германија, бидејќи заостануваме пет децении, но тоа значи дека се приближуваме“, рече тој.

Тој рече дека разговарал со потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, за управувањето со српските суровини во рамките на ЕУ и заедничките проекти на кои Србија треба да работи заедно со ЕУ.

„Разговаравме како да имаме одржливост и да обезбедиме напредок во управувањето со нашите суровини. Како не само да учествуваме во трговијата со ЕУ, да ги примаме нивните инвестиции, туку заедно да ја создадеме економијата на целиот континент“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk