Вучиќ на презентацијата на збирката книги „Собрани дела на Милорад Екмечиќ“ во Белград рече дека е загрижен за глобалната ситуација предизвикана од војната во Украина.

„Се плашам повеќе од кога било од она што е пред Србија“, изјави Вучиќ. Тој рече дека стравува дека новата битка за Сталинград ќе дојде многу побрзо отколку што се мислеше и дека останува прашањето „каде ќе бидеме ние Србите, што ќе правиме со себе“.

„Дали ќе успееме да ги зачуваме и левиот и десниот брег на Дунав за себе, а не за некој друг? И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и душа, но секогаш се сеќаваше што требаше за српската глава“, рече Вучиќ.