logo
logo
logo

Вучиќ: Приштина мора да направи отстапки за Србите да учествуваат на следните избори

Vecer | 09.06.2023

Вучиќ: Приштина мора да направи отстапки за Србите да учествуваат на следните избори

Србите на северот на Косово се секогаш подготвени за разговори, но мора да им се понуди нешто за возврат, вели претседателот Вучиќ.

„Сите Срби на север ја гледаат Србија како своја земја, а не Косово. Тоа е реалноста“, рече Вучиќ во интервју за Ројтерс, додавајќи дека „некој треба да се справи со тоа и таму да организира (нови) избори“.

Тој потсети дека Заедницата на српските општини се уште не е формирана, а косовските специјалци и албанските градоначалници се уште не се повлечени. Одговарајќи на изјавите на претседателката на Косово, Вјоса Османи, која го обвини Белград за мешање во изборниот процес на северот на Република Косово, Вучиќ рече дека „тоа што овие луѓе го зборуваат е застрашувачко“.

Тој рече и дека Албин Курти, не е подготвен за компромиси.

„Сигурен сум дека Курти нема да вложи ниту една минута од своето време, ниту капка пот за да најде компромисно решение“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека српската армија размислува дали да ја намали својата борбена готовност. „Ние нашите воени сили ќе ги одржуваме во готовност, а не на највисока борбена готовност, бидејќи тоа чини многу“, додаде Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е во преговори со Франција за купување на борбени авиони „Рафал“, како и за натамошно зајакнување на својата армија со западно оружје.

Тој нагласи дека Србија останува на европскиот пат, како и дека успеала да ја балансира својата надворешна политика за да овозможи продолжување на пријателските односи со нејзините историски сојузници Русија и Кина, објави српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk