logo
logo
logo

Вучиќ: Позицијата на Србија не е идеална, Косово е „наше дете“, мора да го луламе и чуваме

Vecer | 17.03.2023

Вучиќ: Позицијата на Србија не е идеална, Косово е „наше дете“, мора да го луламе и чуваме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Заедницата на српските општини може да се формира само врз основа на четири потпишани документи и тоа документите за менаџерскиот тим, принципите, спроведувањето и основниот, односно првиот договор, објави Новости.

„Сите четири документи се потпишани и нивната содржина мора да се исполни. А за нивните фантазии за дански, шведски и други модели не ме интересира особено, ме интересира тоа што е потпишано да се исполни“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлогот на 15 европски модели за формирање на ЗСО што ги спомена косовскиот премиер Албин Курти.

ЗСО мора да се формира во согласност со она што е потпишано, додаде Вучиќ.

„Не ви требаат нови модели, не се мачете да измислувате нешто што нема врска со вистината“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека позицијата на Србија не е идеална, бидејќи Косово е „нивно дете и тие мора да го лулаат и заштитат“.

Тој рече дека Србија е секогаш во потешка позиција, а оние кои го поддржуваат интегритетот на Србија имаат свои проблеми.

„Србија ќе ја извлечеме на доволно паметен и мудар начин и ќе можеме да се гордееме“, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk