logo
logo
logo

Видео

Вучиќ после средбата со Курти: Дојде да ме праша кога ќе го признаам Косово, му реков НИКОГАШ

Vecer | 15.06.2021

Вучиќ после средбата со Курти: Дојде да ме праша кога ќе го признаам Косово, му реков НИКОГАШ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ е во Брисел каде денес се одржа нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво. По средбата со пемиерот на Косово, Албин Курти, Вучиќ рече дека тие не се согласиле за ништо и дека ова е обид на Приштина денес Белград да го напушти дијалогот, но дека тоа нема да се случи.

На средбата меѓу Вучиќ и Курти присуствуваат и министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

– Јас дури и не знам што да ви кажам, должината на разговорот зборува за резултатите. Договорено е да се продолжи дијалогот на највисоко ниво до крајот на јули, се надевам дека ова е важна работа што може да гарантира мир и стабилност. Албанската делегација не сака да ги исполни договорите потпишани од Албанците. Тие побараа веднаш и итно да слушнат кога ќе го признаеме Косово, а под три ги нарекуваат инциденти и провокации фактот дека Србите сакаат да присуствуваат на литургии во нивните цркви затоа што таа земја е дадена за време на владеењето на Слободан Милошевиќ. Албанците не сакаат да зборуваат за Сојузот на српски општини, тие прашуваат кога ќе ја признаеме независноста на Косово, рече Вучиќ.

https://youtu.be/jE4N76WUd8k

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk