– Тежок разговор со Макрон и Шолц за повторната ескалација на насилството на Косово, како и за актуелната регионална и глобална ситуација и европската иднина на Србија – пишува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија. .

Тој ја истакна неопходноста од вложување дополнителни заеднички напори за деескалација на ситуацијата и продолжување на разговорите, како и клучната улога на Србија во зачувувањето на мирот и напорите за решавање на сите отворени прашања преку дијалог, а не преку провокации и неодговорни еднострани потези.

– Ги повторив позициите на нашата земја во однос на најважните светски геополитички настани и истакнав дека Србија останува доследен и доверлив партнер во зачувувањето на регионалниот мир и стабилност, водени пред се од националните и државните интереси – заклучил претседателот на Србија.