logo
logo
logo

Вучиќ од Њујорк: Ќе бидеме сведоци на голем светски конфликт

Vecer | 22.09.2022

Вучиќ од Њујорк: Ќе бидеме сведоци на голем светски конфликт

Посочи дека „нема да се врати во Србија со охрабрување, туку со дух на човек кој е подготвен да се бори за својата земја“.

"Да ги заштитиме нашите интереси, да донесеме нови инвеститори. Ние ја завршивме нашата работа чесно и одговорно. Мислам дека никој овде немаше толку долг состанок со г-дин Саливан. Дали е лесно или едноставно? Па, не е, но нема жалење.А јас сум среќен и гледам нешто убаво на хоризонтот?Не.И постојано ме прашуваат дали има нешто убаво. Па не,ништо убаво не се случува во светот. Во Србија има добри вести, платите и пензиите се зголемуваат. Но во светот само ќе биде потешко. “

Вучиќ потсети дека се води по логиката на железен детерминизам, и дека има сериозен тим.

„Ако им кажам на народот дека ќе тече мед и млеко и дека сѐ ќе биде одлично. Па, ќе течат, но тоа нема врска со ситуацијата во светот. Геополитичката ситуација пропаѓа во вода, и ќе бидеме сведоци на голем светски конфликт. И ќе видиме дека Србија преживува. Да живее Србија“, заклучил Вучиќ, објави српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk