Кога започнавме со оваа иницијатива, на сите ни изгледаше добро, како поглед кон иднината, како нешто што ги менува работите на Балканот. Кога разговаравме, размислувавме за фактот дека никогаш не сме биле блиски, сите имавме свои проблеми, но немавме што да погледнеме во минатото и моравме да гледаме кон иднината. Во последните две години се разви доверба меѓу нас, ние сме на европски пат, но не сме ниту глупави, ниту наивни да не знаеме дека никој друг, освен нас, нема да работи на развојот на нашите земји, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешниот Економски форум во Скопје.

Претседателот посочи дека ние самите мора да ја смениме судбината и довербата на граѓаните.

– Имаме суверено независни земји и немаме граници. Ќе имаме 6 до 9 проценти пониски оперативни трошоци. Меѓу нас нема запирања, и тоа не е лесно, ние треба да направиме многу, треба да видиме дека работиме на раст на БДП за да ги претвориме овие одлуки во дела.

– Ние во Србија имаме проблем со недостаток на работна сила, а сега Северна Македонија и Албанија можат да ни помогнат заедно да обезбедиме работна сила што ја немаме доволно! Нашите три земји ја завршуваат годината со голема бројка на БДП. Ќе ја достигнеме Словачка за 5, 6 години и ќе го смениме односот на работничките сили. Можеме да станеме развојна машинерија за работа на Западен Балкан и затоа сум пресреќен, посочува претседателот.

Вучиќ рече дека е пресреќен што има толку многу луѓе на економскиот форум и дека очекува уште повеќе луѓе во Белград, а уште повеќе во Албанија.

– Можеме само да извлечеме корист од ова, а не да наштетиме, ова не е насочено кон никого, туку само за нашите граѓани да живеат подобро. Се разбира, секогаш ќе има противници кои ќе презентираат теории на заговор, за економијата… Но, вака започнува, и знам дека многумина во светот не се воодушевени од нашата одлука да донесуваме одлуки независно, но се прашуваме, нашите граѓани сакаат да живеат подобро. Нема да чекаме милостина, сами ќе го креираме растот на економијата, решително рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека мора да се создаде советодавно тело кое ќе се занимава со сите идеи на овие три земји за сѐ да оди побрзо, полесно и подобро за секого.

– Вчера разговаравме за слабостите и дали ќе успееме да ги надминеме, ако успееме, нема да имаме граници до 2023 година. Безбедноста на нашите граѓани ќе биде уште поголема бидејќи трите земји ќе соработуваат како една, и затоа ние сме посилни отколку што бевме вчера. Сите ќе ја зачуваме нашата независност и суверенитет, но ќе бидеме како едно, објасни претседателот.

Претседателот посочи дека сѐ ќе биде поевтино за граѓаните во овие три земји.

– Секој што ќе дојде да го посети Белград ќе може да заштеди многу пари и тоа ќе значи, ако одите во Албанија на море, ќе видите дека ќе заштедите, затоа барам од бизнисмените да нѐ поддржат бидејќи тоа е единствениот начин на кој ќе работиме побрзо и поевтино за секого, рече Вучиќ и додаде дека ова е историска задача и историска идеја.

– Одамна е време да се избега од колонијата и да се бара дозвола. Затоа, благодарение на моите колеги и пријатели од Северна Македонија, се гледаме во Белград, да живее нашето пријателство. Убеден сум во подобра иднина, рече претседателот на крајот од своето обраќање.