Вучиќ: Нема збор за признавање на т.н. Косово. Точка.

Вучиќ, упати порака до граѓаните и подвлече дека за Србија не станува збор за признавање на Косово, како и членството на Косово во Обединетите нации, организации, институции и агенции на ОН.
„За да нема коруптивни и лажни толкувања, и воопшто дека не се плашам на сите да им го кажувам истото – за Србија не станува збор за признавање на таканареченото Косово, за членство на т.н. Косово во Обединетите нации, организации, институции и агенции на ОН. Точка“, вели Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм.