logo
logo
logo

Вучиќ: На секој вакциниран - по 25 евра награда, за невакцинираните - нема платено боледување

Vecer | 05.05.2021

Вучиќ: На секој вакциниран - по 25 евра награда, за невакцинираните - нема платено боледување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше во утринската програма на ТВ Пинк.

По тој повод, Вучиќ објави дека граѓаните кои не се вакцинирале, а се заразиле од корона нема да имаат платено боледување.

Вучиќ изјави дека државата ќе обезбеди дополнителна помош за граѓаните кои биле вакцинирани.

- Синоќа се консултирав со премиерот до доцна и донесовме одлука да ги поддржиме луѓето кои покажаа одговорност. Ќе обезбедиме дополнителна помош за секој што е вакциниран. Помошта од 60 евра оди кај сите, но веруваме дека оние што покажаа одговорност треба да бидат наградени. Секој што е вакциниран или примил барем една доза од вакцината до 31 мај и има над 16 години, ќе добие дополнителни 3.000 динари. Останува помошта од 60 за сите граѓани, за пензионерите дополнителни 50 евра и овие 3.000 динари за секој што е вакциниран - рече Вучиќ.

Со ова сака да ги стимулира оние кои се одговорни прво кон своето, а потоа и кон здравјето на најблиските.

На ваков начин сакаме да дојдеме до колективен имуниитет и да се посветиме на работата - објасни Вучиќ.

Бонус видео:

[embed]https://youtu.be/IjAnJxuicy0[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk