logo
logo
logo

Вучиќ: Нема членство во ОН и нема признавање (ВИДЕО)

Vecer | 21.03.2023

Вучиќ: Нема членство во ОН и нема признавање (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за војната во Украина, изјави дека се плаши дека се уште нема да има мир.

По средбата со италијанскиот министер Антонио Тајани, тој им се обрати на новинарите, велејќи дека војната во Украина е тешка позиција за Србија во моментов.

“Задоволни сме што го сочувавме мирот“, изјави Вучиќ.

Тој потсети и дека во италијанскиот печат, по почетокот на војната во Украина, на 24 февруари, може да се прочитаат десетици написи во кои пишуваат дека е само прашање на време кога Србија ќе ја нападне Босна и Херцеговина.

„На сите им е јасно дека тоа беа невистини и дека Србија се обидува да се заштити“, рече Вучиќ.

„Би сакале војната во Украина веднаш да престане“, додаде тој, објаснувајќи дека Западот гледа само кој ќе победи, а кој ќе загуби.

„Нè интересира кога ќе дојде мирот. Не смеете да го кажете тоа денес затоа што ќе добиете потсмев. Србија сака мир, се надева на мир и се надеваме дека ќе ни донесе олеснување. Дали ќе има мир или не, јас се плашам дека нема да го има“, заклучи Вучиќ.

„Србија никогаш не користела трикови... За разлика од сите нив... Тоа што им го кажав во Брисел, во Белград, не смени ни трошка. Правно обврзувачки е кога ќе потпишам или вербално ќе се согласам на тоа... Србија ќе работи за спроведување на се...Не станува збор за членство во ОН и нема признавање. Ова останатото што значи нормален однос меѓу Србите и Албанците без тензии Србија ќе го спроведе, а дали некој друг ќе го спроведе ние ќе видиме..“, рече Вучиќ.

Фото: принтскрин 24вести.ком

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk