logo
logo
logo

Вучиќ: Недвосмислено ОДИМЕ КОН ЕУ, Унијата е НАЈВАЖЕН ПАРТНЕР на Србија

Vecer | 19.05.2022

Вучиќ: Недвосмислено ОДИМЕ КОН ЕУ, Унијата е НАЈВАЖЕН ПАРТНЕР на Србија

Особено сум му благодарен на Мишел што секогаш беше подготвен да ги слушне аргументите на српската страна, дури и ако не се согласуваше со нив, што секогаш има не само доволно време, и што покажа доволно внимание и желба да оди побрзо во ЕУ, што направи сè лично со сила и углед да ги спроведат реформите побрзо, но и некои земји да разберат зошто е важно Западен Балкан да биде дел од европскиот континент, не само географски, туку и во секоја смисла - рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој додаде дека со Мишел разговарал за европскиот пат на Србија.

– Укажав дека определбата на Србија е да биде на европскиот пат и дека нашата цел е полноправно членство во ЕУ – рече Вучиќ.

Според него, 67 отсто од вкупните инвестиции доаѓаат од ЕУ и потсети дека трговската размена со ЕУ лани изнесувала 31 милијарда евра, а стоките на услуги 37 милијарди евра.

Според него, ЕУ во вкупната трговска размена учествува со повеќе од 60 проценти.

Вучиќ пренесе дека во првите четири месеци од годинава трговската размена пораснала за 33 отсто и достигнала 9,1 милијарди евра, а се проценува дека во следните три години ќе биде над 50 милијарди евра.

-Тоа зборува за важноста на ЕУ, земјите членки, фабриките што градат кај нас, извозот што го правиме, увозот на стоки. Имаме најголем извоз и увоз во ЕУ. ЕУ е убедливо најголем инвеститор кај нас со 67 отсто учество - рече тој.

Потенцира дека тоа треба да го знаат граѓаните и дека мора да биде фер и да покаже почит кон парите и кон сето она што го направи ЕУ овде.

Претседателот на Европскиот совет посочи дека треба да продолжиме со реформите во делот на владеењето на правото, да ги подобриме состојбите во медиумската сфера, рече Вучиќ и додаде дека разговарале и за состојбите во регионот.

– Ветив мир и стабилност и дека можат да сметаат на Србија – рече Вучиќ и додаде дека се зборувало за дијалог меѓу Белград и Приштина и оти рекол дека Србија е посветена на дијалогот и се надева дека ќе пристапиме кон компромисно решение.

- За мене идејата на Мишел и Макрон за геополитичката унија е многу важна и значајна и може да придонесе за полноправно членство на сите земји од Западен Балкан во ЕУ, веруваме дека под покровителство на таква иницијатива можеме да постигнеме многу – рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk