logo
logo
logo

Вучиќ: Не потпишувам закон за истополови бракови

Vecer | 01.05.2021

Вучиќ: Не потпишувам закон за истополови бракови

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека како шеф на државата нема да потпише закон за истополови заедници, доколку Народното собрание го усвои, бидејќи е „должен да го штити Уставот“.

– Уставот упатува на Семеен закон, кој го дефинира бракот како со закон уредена заедница меѓу маж и жена. Затоа, закон за истополови заедници не би можел да потпишам и би го вратил во Парламентот, истакна Вучиќ во интервју за „Блиц“.

Тој додаде и дека не ја исклучува можноста Уставот да се измени во иднина, но засега е така.

Запрашан каков е неговиот личен став кон законот, Вучиќ одговори дека тоа го покажал со изборот на Ана Брнабиќ за премиер, но истовремено не е жесток застапник на истополовите заедници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk