logo
logo
logo

Вучиќ на средба со Лајчак и Ескобар: Време е Приштина да ги исполни своите обврски

Vecer | 06.06.2023

Вучиќ на средба со Лајчак и Ескобар: Време е Приштина да ги исполни своите обврски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вилата „Мир“ се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

- Србија од првиот ден беше конструктивен, доследен и доверлив партнер во сите процеси кои ќе доведат до зачувување на стабилноста на целиот регион. Реков дека е време Приштина конечно да ги исполни своите обврски, а пред сѐ формирање на Заедницата на српските општини во согласност со Бриселскиот договор. Сакам да верувам дека оној дел од меѓународната заедница кој има најголемо влијание врз Приштина има и механизми кои можат да доведат до конечно реализирање на обврските што Приштина ги прифати и потпиша пред повеќе од една деценија“ – порача Вучиќ на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk